Да. Воздишки тешки мислиш небаре решава некое животно прашање Кога е ептен успиена сум приметила дека е таква
Дали ви имаат бебушки омилена страна за спиење? Ќерче се врти само на лева страна и само на страна спие цела ноќ. Само ја проверувам Ја исправам она оп ноџињата и пак ќе се сврти .
Не хрчат од носот туку затоа што им останува млекце во грлото. Ларингомалација мислам ми рече педијатар и ми објасни убаво дека скоро сите бебиња се раѓаат со таа состојба и поминува сама до 1 год. Јас ниеднаш не сум му чистела мрсулчиња освен кога е болен.
Мојата се врти цела накај мене. Нејќи в креветче, а таму на грб си спиеше. А на меше ко ќе ја ставам како желка се крева цела со вратот. Чудни бебиња овие, порано како ќе ги ставеле така ги наоѓале.
Бебе мое сака само на меше и само така може да се наспие. Прво ми беше многу страв, над него седев цело време, ама сега веќе не затоа што сам си ја крева главата и си ја врти ако сака кога сака.
Добро луѓе до кога траат грчеви? Едно време се смири, последниве 2-3 дена не е можно вакво вриштење. 3 и пол месеци е, таман се понадевав готово со тоа, еве ја пак
Исто Ели, на лева одма се врти. И во раце кога го држам, ако го ставам на десна завртен, цуфка, кенка, се тегне и дур не се заврти на лева не се смирува. Нормално е да имаат омилена страна се додека не ги боли ако се на другата.
Пишав и во темата доење но нема одговор ај и тука да пишам. Процедурата за измолзување на млекцето… колку време се чува на собна темп, колку смее во фрижидер итн? Сакам да почнам да се измолзувам за да оставам млекце кога ќе треба да излезам негде за да пие од шишенце.
4 часа на собна, 24 ч во фрижидер и 6 месеци во длабоко. Има и други препораки, овие ми се најбезбедни. На топлово можда не би ни 4часа надвор.
Додека бевме во болница само на лева спиеше и случајно видов што пишале докторите на картон да лежи на десно, дома како дојдовме се на десна страна настрана ја ставав, сега па десна и е омилена, и комбинирам навечер на десна, денски на лева. Додека се оформи главчето.
Има омилена страна на креветчето да се лепи до неа, па ја вртам наизменично и така спие на две страни. Ама претежно е на грб, само главчето го врти и носот го лепи за мрежа.
Јас пред некој ден пишав еве веќе 2 ден не му давам никакви капки не му делуваа како што треба... Спас најдов во кимот значи му почнуваат негде 8 9 грчевите и му давам АД напраено водичката со ким претходно зовриена и жими се луѓе СПАС како јагне спие 2 дена многу помага еве ... а ако си на доење незнам дај му со лажиче или како чајче ... Јас лично во 9 му давам АД со ким и во 12 уште еднаш и му олеснува многу ... Инаку во 200 мл вода ставам 10 зрнца ким зоврива оставам малце кимот после го вадам и му давам 90 мл па после 3 саати 90 мл... Пробајте
Ако е на страна нема да и се сплеска не се секирај. Пробај како мене да ја ротираш неа во креветче можда ќе успее. Зашто често знаат и по светло да се вртат или нешто што им е нив поинтересно на таа страна.
Мојава е нон стоп на десна. И кога ме отпуштаа ми рекоа да ја ставам на лева. Jас кога и да ја завртам на лева сама се врти на десна автоматски. И ставав и тетра да не може да се заврти. Се нервираше и плачеше. И се откажав.
Се пробав ако веруваш, и ким и сите капки што постојат и едно време ништо не давав и на крај спас најдов во саб симплекс. И давам еднаш на ручек еднаш пред спиење, во тие периоди е супер. Ама на сабајле почна многу да ми плаче, ваљда ке треба да ги поместам капките во првото млекце на сабајле. Ама муабетот ми беше до кога веќе, бебе нон стоп ми е зарипнато од вриштење