Мајки ми треба мислење. Сите се жалат од тоа дека малите ги оставаат без сон, моето спие цело време. Ќе заспие накај 8-9 вечер ако не заспие си лежи во креветче и спие до пладне. Нормално и давам за јадење, ќе се подразбуди малку кога и мењам пелена. Ќе пробам да ја разбудам ма јок, инаку не спие мирно. Кога ја проверувам ќе ја видам со отворени очи, се тегне, си претка ама не бара да стане и ако пробам да ја размрдам се комира. Денски исто знае да заспие и по 3 часа да сврзе, кога е будна си е супер си игра, се смее, активна е цело време ама тоа е 2-3 пати во ден. Знам дека треба повеќе спиења преку ден, вака нас ни се фаќа еднаш навечер и еднаш преку ден. Тие во количка на шетање и по 10 мин не ги бројам. Да ја будам или да ја оставам вака како што е? Не сум паметна, дајте некој совет скоро ќе прави 40 дена.
Мало е ,затоа спие толку многу.Ако напредува во килажа тогаш не ја буди за јадење во спротивно будија.Јас ќерка ми ја будев на секои 2,5 часа затоа што имаше жолтица.
Биби и мојата е таква. Ама качи повеќе од кило за месец и не се секирам. Многу е фина и спокојна и уживам додека е таква
@Mari-Li И мојата е таква, дури жал ме фаќа навечер кога си лежи будна сама у креветче. Заборавам дека имам дете. @Adorabela Напредува супер, а качува и некој грам повеќе од што треба. Искрено ја будам и заради себе, да ги испразнам градите. А и дека е на доење само страв ми е да ја оставам повеќе од 4 часа. Да не се грижам значи. Да уживам дур трае.
Искуства со сплескана глава. На малата и е сплескана десната страна. Цело време ја ставам на лева страна уште од кога е родена и во сон таа ќе се сврте на грб така и спие и главата и е во исправена положба некогаш малку свртена на десно. Не ми е јасно како и се сплеснала. Преку ден спие кај мене во раци по 15 -30 мин и тоа секогаш на лева страна. Кога лежи на земја или на гарнитура се врте и на двете страни сега внимавам секогаш да е од лева. Од педијатар добив сугестија се да правам повеќе од лева и да леже повеќе на стомак. Наша грешка беше бидејки имавме гости цел месец и на овие работи не се внимаваше. Се изнервирав како не се примети главчето , туку се делеа глупи коментари ( од типот ика ладно и е сред лето облечи и чорапчиња, на секој плач гладна е, почна орална фаза 2 месец сигурно е запче, баба сакаше да изиграва мајка…) а тоа што треба да се внимава никој не внимава. Секогаш кога легнев да поспојам трчаа да ја земат за да се слика и снима
Исто беше и моето, откако почна да се врти на меше, почна така да спие, почна да седи и да лази и веќе не му е сплескана. Педијатар ми рече до 2 години се оформува главчето, нема потреба од секирации
Седи мирна,не си ја барај бељата Јас се жалев дека спие многу,се исплашив оти синко не спиеше навечер и еве ја моментално гука, нема абер да спие, а јас седам и чекам за да се бањам. Од кога пишав дека спие, магично престана да спие
Јас не би давала суплементи на толку мало бебе. Секако се гради сега имунитетот, како и цело детство. Болно ли е бебето?
Не е болно и до сега не се разболел но оти ќерка ми оди во градинка и тамо често се разболува покрај за неа ми рече дека може и за син ми. Витамини се.
Исто е и кај нас. Бебе само Д3. Чистење носе, инхалации со физиолошки кога кашла. 3 пати префаќа од сестра му, освен доење и солен раствор ништо друго. Редовно да се носи да го чујат да не спушти кога е болно, и тоа е. Бебе 4 месеци.
И јас ги имам истиве за 3+ се. Ама уште не сум ги користела. Ќе прашам баш педијатар дали има потреба.
Мајки искуства со вакцоини рота и шестовалентна? Денес ги примивме и двете па ме интересира што да очекувам како реакција? Лепенка ставив на место на убод (2 и пол месеца сме)
Ние вчера бевме на вакцина, вчера беше малексана само и повеќе спиеше, ми рекоа тоа дека од вакцината ќе било ништо страшно. И на местото каде што ја боцкаа и ставив лепенки против температура, температура не е качила. Денес си е супер, расположена е.