Јас веќе не знам што е ова со моево бебе. Се е пробано. И џабе. Кога ве читам како ви спијат бебињата се чудам и ви завидувам. Или нешто не е во ред со бебево или со мене. Спиењето никако да го средиме, катастрофа е. Ноќеска од 23ч зедов да ја успивам а будна беше скоро цел ден по малку дремнуваше. И очекував ќе спие. Не бе од 23 до 4часот не заспа ич. Цели 5 часа да ја држиш во раце ама не седнат туку да ја шеташ. И цела вечер така во круг. Ако ја ставиш малку на кревет да ги одмориш рацете плаче заоѓа. Па кога плачеше кај маж ми не седи прво јас да ја смирам па да ја земе тој. 5часа веќе не знаевме што да и правоме мм без спиење на работа замина. И не цицаше како што треба. Цело време по 5 минути и се трга како најадена. Ај ад и дадов ни тоа не го сакаше. Памперс сменив најадена па не нишај,пеј па во ѕтанспортер не бе ништо ме помага. Прашуваш совет од педијатриве тие кога ќе ти кажат некоја глупост мислат бебињава како по книга се. Стварно више полудувам. И умирам за сон. Само кај мене ли е вака?
Исто е и кај мене. Вчера 4 часа не заспа. Очите црвени кругови околу и не се предава. Да не пропушти нешто. Првпат и срам ме фати вчера од плачење негово. Секој ден се шетаме пред зграда и само оно е во раце и плаче, дур да го смирам 500 погледи, па и ми баби приоѓаат и коментираат. Два месеци едно исто. Кога ќе ме прашаат да не е во скок, викам не е излезен, скока цело време. Ја преморена сум. Црни кругови имам под очите. Буквално сум само јас со бебево. Маж ми е со поголемото, една вечер да го нишка тој се разбуди поголемото абе плачење и двете, веќе таа грешка не ја правиме. Не знам ни како да те утешам, зш сум во истото. Не си сама.
Може да е скок, провери си. Може е преморена, од тоа не спијат или кога ќе заспијат брзо се будат, провери колкави треба да и се прозорите на будност. Или наједноставно тоа е тоа, секое дете е различно, едно спие, друго не, некое јаде, некое не, ќе смени, еднаш ќе е супер, па ќе е крш. Во такви ситуации се помирувам со тоа што е во моментот и терам даље. Нема брошура како да постапуваш или како треба да е, дур бебе се развива и напредува како што треба, нормално е.
Не знам ама вака не се функционира. Ми треба сон. Нозеве ме болат од шетање рацеве од држење. Некогаш и душава и телово почнуваат да ми спијат мислам секој момент ќе заспијам и ќе се струполам на земја со се неа во раце. Како да проверам скок и прозори на будност
Ве читам и никако да сфатам за скоковите... кога се случуваат овие скокови? Како да знам дека се работи за скок?
Знам ,исто откако се роди еве еден месец немам спиено ,а фала богу ни јадено, како човек башка кенка за се , кога ждрига , кога ика , кога кака....
Еве денес е баш плачлива и само плаче. И во раце ја земам заспива ја спуштам плаче. И тоа со заоѓање.
Моето беше такво првите 40 дена.. 3ца возрасни се мењавме едвај не се функционираше. Се во раце сакаше да спие.. мене ми се плачеше веќе си викав што ми требаше ова. На крај некако после 40 дена само се оправи и почна некој ред да фаќа.. Само трпение и ако има некој да ускочи за помош да се собере сила малце, друго чаре нема.
Ајде се надевам побрзо ќе помине , наредна недела правиме 40 дена , инаку сама сум по цел ден со неа , маж се враќа во 4 , моите доаѓаат кога можат и они на работа одат , па ме одменуваат да пружам нозе малку , ама тоа е ќе стиснеме заби
Барај на нет Wake windows и стави колку месеци е. Ќе ти даде некоја шема, ако можеш терај по таа. Гледај сабајле и навечер да не и збориш и стимулираш посебно после вечерно бањање и пред да ја ставиш во креветче провери со рачето дали заспала…Крени го ако падне слободно правац кревет, ако не ќе чекаш. И ако се буди а не плаче или не и време за станување никако земање во раце.
Немам совет за неспиењето на бебе, само ќе те утешам, ќе помине овој период и ќе се заборави. Сега ни изгледа страшно ама многу бргу растат дури да трепнеш ете ги во школо тргнале. Со првото ми беше многу тешко, научена предходно си спиев по 10 саати и одеднаш треба да функционираш со неколку саати спиење, се нервирав, си се жалев, си плачев. Сега со второто исто сум ненаспана ама знам дека дека ќе пројде брзо овој период и ќе дојдат и други тешки моменти како растат ама и тоа ќе пројде само нека ни се живи и здрави, мајки ќе се прилагодуваме на се. Совет да си олесниш малку, не дежурајте и двајцата заедно нека спие едниот па кога ќе снема сила, другиот. Со првото на почетокот бебе не спие и двајцата околу него, па по некое време сфативме дека џабе висиме и двајцата, прво мм спиеше па околу 4 го будев па јас одспивав. И сега исто кога ќе ни се погоди вечер со неспиење и немам веќе сила го будам мм и го презема он малиот ќе ми го донесе за цицање ако бара и пак ќе ме остави уште некој саат да поспијам. Пробај најди си некоја шема што ти одговара, спиј денски ако се успие бебе, макар и по 15мин, малку од малку ќе одмориш. Немора да е чисто, немора да има ручек, ако имаш помош нека ти помагаат околу тоа, ти само околу бебе.
Од вчера приметив црвени точки кај бебушка на дланките и стапалцата, слики во спојлер. Мислев денес ќе се повлечат ама не. Закажавме преглед кaj педијaтар дури во понеделник дека викенд, па ако има некоја искуство со ваква ситуација од што може да биде? Spoiler
На друго место има ли? Околу устата провери. Температура да не има? Моето кога имаше коксаки беше со ваков осип.
Нема температура, немам ни измерено ама вака не ми делува топло. Нема околу устето ништо, слика во спојлер... Spoiler Оф мисли ќе ме отепат, да чекаме до понеделник или да бараме друго чаре...
Коксаки дава осип на стапалата и дланките, околу устата и внатре во устата. Колкаво е бебе? Сте биле во контакт со дете што оди во градинка или школо? Таму веќе подолг период го има коксаки вирусот.