Мојата па никогаш не сакаше во раце. Убаво си правиш ти, после ко ќе качи килажа ептен ќе те боли грбот
Свекрвата пак цело време ја држи во раце. Едни гости ни беа дојдени и велат не ја држете се во раце ќе се научи и свекрвата и кажува на мајка и што и е работа дома е цел ден. Ја држам и јас ама не многу, пример и здосадува да лежи ја зимам во раце некое време па ја ставам во количата ја возам, дома имаме голем простор и можам да ја возам, па пак ја легнувам и се така во меѓувреме заспива па пак продолжуваме, а маж ми штом доаѓа од работа веднаш ја зима и цело време натаму наваму ја носи.
Веќе 7 ден, бебето нема какано. Има полни 2 месеци и е само на доење. Го пријавивме проблемот на педијатар, од раѓање многу ретко кака и ни препиша глицерински чепчиња да даваме ако поминат 5 дена без какање. До сега ни помагаа чепчињата, а ставиме во наредни 3 саати какаше. Но овој пат ништо, ставив вчера, повторив и денес, ништо . Некој со вакво искуство и како се оправиле?
Пробај јади сливи од тие за мармалад што се црните. И мојава не какаше два дена вечерта јадев сливи другата ден дури три пати се искака.
Жени дали е нормално бљуцкање? Со малово сме на доење, алчно е нема контрола мн ми се засркнува на цицка ќе ждригне два три четири пати и потоа пак бљуцнува до сега си напредуваше 25 гр дневно наредна контрола ми е на 27ми но страв ми е заради бљуцкањево да не ми падне во килажа имала ли некоја друга ваков проблем? Вчера го вртев во рацр зашто пиеше преалчно млеко и почна да кашла
Јас со едно не сакам враце држење стално ја оставам кога сме сами и за заспивање никако враце а и нејќе сега нема шанси да заспие враце само легнати, кога ја чуваат свекрвами цело време враце им е и таја се нервира и одма мислат гладна е не можам да им објаснам дека нејќи така најдобро и за бебе и за мајка ем побрзо ќе им се развие моториката кога е оставено само да се снајде сега почна мојата и да седи уште не е стабилна ставам перници околу играчки пред неа и кафе раат и јадење и до вц да отидам а да не мислам дека ќе плачи
На муабетот за држење во раце, блазе вас. Бебето мое има скоро 40 дена и може само во раце да спие преку ден. Има грчеви постојано, кога и да ја оставам во креветче, во гнездо, на спална, било каде а да не се раце, за 5 минути почнува да ги витка ноџињата и се буди. Кога е во раце многу помирно спие, а и кога има грчеви не се буди. Се надевам побрзо ќе и поминат и дека ќе може да си спие во креветче или во гнездо, ни раце ми грб ни врат веќе не осеќам. А не дека не пробувам, постојано ја префрлам да спие и во гнездо до мене и секогаш се буди, или одма или за 5 мин или за 20 минути максимум. Се обидувам кога се буди да ја тапкам по газето, да ја галам,да ја нишкам, да се залепам за неа со лицето, комбинација од се, и не можам да ја презаспијам. Пак мора во раце. Исто сум се обидела повеќе пати да ја завијам да не мрда со рачињата, ист резултат. Друг проблем е што сака да заспива со цице... И ова се поврзува со грчевите, сигурно утеха бара, не дека е гладна. Ќе си поцица 2 минути и заспива. Ова може и цел ден да го прави, иначе плачки. Знам дека не е добро за грчевите, ама лажливка не фаќа, ме знам што да правам. И патронажната сестра и педијатарот ми рекоа дека уште е мала и треба да го издржам овој период, ќе се смени...и тоа е океј, ама страв ми е дека и создавам лоши навики, и за неа и за мене. Ако имате некој совет поискусните, би сакала да чујам.
И моево бебе беше такво, заспиваше само во раце и ја држев само во раце кога имаше грчеви. Еве сега сама си почна да си заспива, а ништо не сум направила за да го сменам тоа. Период е ќе помине и ќе почне сама да си заспива.
Исто потполно. Таа лажливката дури нагон на повраќање му прави. На цице си заспива. Ќе издржиме. Не нема лоши навики да му направиме и не НЕМА ништо лошо од држење во раце. Само еднаш се толку мали.
Бебе цел ден ми ика, тоа трае пола саат и повеќе. Никако не се смирува. Полудувам веќе, плус му се поремети спиењето. По секое пиење млеко ика, а ждрига. Вчера и денес само ика. Некој совет. Пие млеко од пише.
Како многу други нови мајки така и мене ми даваат вакви совети "не учи ја во раце, не учи ја со цицање да заспива, голем проблем ќе имаш во иднина" итн, а никој не го адресирал конкретниот проблем и да ми предложи конкретно решение или да ми укаже дека е океј и дека ќе помине. Не па да не прашаат како сум пробала да го решам "проблемот". Само истураат совети, па после треба јас да справувам со информациите. Фала на одговорот фана и shz, полесно ми е сега.
Моево бебе не е навикнато на држење во раце, буквално само свекрва ми го држи. Се доиме во лежечка положба и така се галиме и веројатно тоа му е доволно. Е сега само со цице во уста заспива, нема друго. За заспивање цице, за плачење од било што - цице, за грчеви - пак цице. Под притисок од свекрва ми дека не може цело време така, морало лажливка да се даде, еве пак дадов завчера и вчера. И еве го смотко мој од вчера неубаво влече кога цица и се изморува побрзо и заспива ненајаден. Се надевам пак ќе се врати во нормала. Не слушајте други, правете си како вие мислите.
Бебе мое утре полни 2 недели. На комбинирано е на доење и ад. Е сега по 60мл му давам ад а мм вика да не треба да му накачеме веќе пошо на кутија пишало по 90 од 2 недели па да прашам јас како треба? Не е какано 3 дена И папочната врвца не му е падната а веќе 14 дена до колку е нормално? И барем по 3 4 пати на ден ика дури и од сон се буди. Ај добро утро мамички
Toa sto ne kaka vidi da ne e gladno, kaj nas taka se desi. Slobodno ako mislis pokaci ml kje vidis dali kje gi ispie. Sekoe dete e razlicno i ima razlicna potreba taka da se probuvaj.
Не знам какво млеко користиш ама јас користам хип и на кутијата е напоменато дека може да се дава било кога.
Некоја мајка чие бебе е на Novalac Allernova AR формула поради интолеранција на протеини на кравјото млеко да сподели каква е бојата на каката на бебето? Ние скоро почнавме со оваа формула и е темно зелена со траги(како кругчиња) од сенф боја.
Исто и ние од лежење се доиме и цице за се бара, в раце многу ретко ја држам. Сами сме и жал дури ме фаќа, ко ќе си дојде мм му ја давам да ја подржи да не е легната цело време. Првото ми беше в раце цело време, ова тотално спротивно. Мојава никако не фаќа цуцла, пробав и јас со три различни, да можам да средам нешто дома ама не, одма ја турка со јазикот. Да те прашам за навечер ко ќе доиш, на перница го ставаш или на рамно лежите? Јас ја земам на перницата до мене и ја ставам од газе нагоре ко под агол доаѓа, и ќе ми заспие некогаш така до сабајле.