Аптамил користам јас, педијатар од кога се роди така ми кажа дека на 3 часа само. Зголемувам доза, ама девојкава сака на помалце од 3 часа да јаде, не знам што да правам.
Не се секирај и моето до кај 40 дена беше такво, се во раце и на мене заспиваше, се будеше аоо го оставам било каде и почнуваше да плаче. Сега само се смени не сака во раце, сака да си си истегне било кај да е само не во раце. Ќе помине а сеуште е многу мало за да нешто му прејде во навика.
Дај му кога му се јаде нема правило со бебињава, зависи секое за колку брзо му се вари храната. Моето бараше на 2часа но некогаш знаеше да рика на цел глас и да не знам за што а е гладно на само 1,5час така да ништо не е стриктно правило
На рамно си лежи, а јас со рака свиткана под глава. Само тетра има свиткана и паралелно сме со тела. Кога ќе заспие тука си е меѓу нас, само на грб го ставам.
Мајка и ние бевме исти знаеше дури и 8дена без какање кога бевме на интезивно доење пробај со вежби возење на точак со ножињата а потоа свиткај му ги како да клечи и потоа исправи бебуш ќе се испрди и масажа на стомачето со кружни движења ем ќе си играте ем ќе се олесни бебуш нас тоа ни помогна ние така теравме се додека не почнавме со вкусови
Превише плачеше, вриштеше ептен посебно додека пие млеко и во каката имаше сукрвица, а давав хип комбиотик. Докторите алудираа на тоа. Направивме повеќе испитивања освен за интолеранција.
Држи го подолго исправено не ждригаат секогаш одма иако моево ако има помалку за ждригање знае и од лежечка положба да ждригне, но некогаш кога е наголтан многу воздух ждрига со бљуцнување во исто време но не стално одма штом го исправиш, некогаш и после 10-15 минути.
И јас користам Аптамил. Пратам и бебе и временски. Некогаш знае и да заспие и 3.5-4 часа да не е јадена а некогаш и после 1.5 час да е пак гладна. Штом поминат 3 часа и нудам за да не прегладне. Не секогаш ја пие препорачаната доза според месеци/килажа ама и тоа ми е во ред. Иако е на комбинирана исхрана сепак и пресметувам вкупно колку пие Аптамил за 24 часа.
Совет за вреќичка за спиење за периодов што следи за во стан со градско парно? Зимските да не се многу дебели а летните па претенки?! Немам идеја навистина. И да, од кај ви се покажале квалитетни бидејќи сигурно 2-3 ќе земам за резерва.
Ја ставам со мешето легната врз мене и така ждригнува и тоа скоро почна така, порано не ждригнуваше, не ја дигав ми беше страв.
леле, и јас и тој проблем и јас демек на 3 сати а тоа едно-две на града..несакам така да го заучам. Сега користам и пумпа за резерва и плус и АД како поддршка ама не секој ден
Мајки, бебево почна 3-4 дена навечер кога го пие млекото после капење за заспивање многу да плаче и се витка а гладен е и едвај го пие млекото со мака, грчеви се?
Најверојатно, што млеко пиете, денес видов дека Новалак имаат специјално млеко за бебиња што имаат грчеви и гасови па се мислев дали да си го земам.