На комбинирано сме некогаш мајчино некогаш ад пие за заспивање. Инаку бебелан му земам но подолго пие и досега немало мака од него. Кога ќе го допие веднаш заспива и нема ни грчеви ни гасови..
Мами ве молам за искуства.Бебе е 5м и 4дена,сеуште не се врти сам од грб на меше и обратно.Кога ќе му помогнам малце си се префрла ама сам не.Еден педијатар ми вели требало до сега да се превртува,друг ми вели има фора до 6м.Инаку бебе е родено со асфиксија,може ме имате прочитано за ситуацијата па затоа сум загрижена.Го следи и нрвролог,кога бевме рече ок е развојот. Едит:И дали на оваа возраст ви седнуваат бебината?Кога го држам во раце упорно се исправа за да седни,А за самостојно седење е далеку од спремен,буквално цел се клати и се превиткува на напред
За превртувањето не би знаела да ти одговорам ради специфичноста на ситуацијата. Само можам да ти кажам дека др. Антоније ни викаше дека секое дете има различно темпо, не треба со ништо да се брза и да оставиме се прородно да доаѓа без да му помагаме. Тоа важи и за седењето, јас баш за ништо не му помагав, не го превртував, не го седнував. Ако добро се сеќавам, почна со превртување накај 5, со седнување 7 ипол така повеќе, а на 7 почна да пробува.
Ти благодарам.Знам дека бебе треба да се спремно само за се,затоа прашав за седењево.Зошто сметам дека е рано ама тој се крева кога го држам во раце и навистина не знам како да постапам,дали да го оставам да седни а јас го враќам на назад.Сепак ќе се консултирам на ортопед,чекам термин.А за превртувањево ме интересира,заради случајот на пораѓај морам да го стимулирам.
И син ми се креваше и мене доста ме замараа да сум го седнувала ради тоа. Јас не го седнував тогаш. Го прашав Антоније и ми рече вака " нормално дека ќе сака кога му пружате раце, значи има потпора прсти ама тоа не значи дека е спремно".
Мајки, како ги покривате бебињата навечер сега кога е заладено? Дали им ставате капа за спиење? Бебе е 5+ и многу се поти. Не сум сигурна како да го покријам да не настине, а во исто време да не е и премногу за да не се испоти...
Како што ти одговори @Emotional123 секое бебе е различно со развојот но твоето не ни доцни, таман сега ќе си почне а за седење сега само во полуседечка ставај го рано е уште под 90 степени да седи, сега бевме на ортопед па од таму препораките за полуседечка, кај 6-6,5 уѓте малку подосправено но сеуште.не под 90, тоа дури 7-7,5 месеци
Јас имам на Dream.mk и многу се убави и кога прашував викаат детето го прилагодуваш според температурата, сега боди на долги и во вреќичка а понатаму ако е многу ладно плус пижамчиња па во вреќичка
Капа никако а зависи колку ти е температурата дома, ако е 21-22 ќебенце е доволно или ако ти е тенко, стави подебела пеленка па ќебенцето.
Ние го користиме Новалак АЦ, не спаси од грчеви, само многу тешко се наоѓа по аптекиве дефицитарно е.
Мајки здраво, бидејќи сум заборавила како беше со првото детенце ми треба ваше мислење. Моето бебе е 6 месеци, веќе од 5 си седи сам убаво и лази. Е сега почнува да бара да јаде повеќе, многу малку млеко пие, кога ќе види да јадеме почнува да вика и плаче по храна. Почнав да му давам рано наутро млеко, околу 90мл пие, за два чада јаде овесна каша или овошје со ориз, малку сокче и вода, по 3 часа млеко околу 120мл пие, ручек месо со зеленчук, па десерт каша овошје, и после само млеко продолжувам ама не пие повеќе од 120мл. Тежи околу 8 кг и е 6месеци и 3дена. Дали според вас е нормално дете на оваа возраст да бара повеќе храна одколку млеко?
Како ви спијат навечер бебињата на 40 дена?Ние имаме толку, но секоја ноќ полудувам. Ај што прета и во креветче, но околу 5 се буди и само си нишкам. Веќе се избезумив. Ова од раѓање се случува.
Нека му е наздравје јадењето. Машала за тие месеци има апетит. Нека го држи и понатака оти ќе бараш да јаде така. Син ми е 8 кг, а има 3++.и уште сега кога не глада кога ручаме на маса отвора усте и него да му дадеме. Не е проблем ни тоа што си јаде ни килограмите. Само гледај да не се направи оптеретување на стомачето.
За тоа најмалку треба да се грижиш. Држењето во раце не е проблем за да треба да се адресира, и јас ќе ти кажам дека е сосем ок. Сите студии од ‘80тите навака, покажале дека нема такво нешто како премногу држење во раце на бебето, како и дека држењето во раце има огромно влијание на развојот на мозочето на бебето особено битно кај прематурчиња, ама истиот инпакт го има и кај термински бебиња како и ред други бенефити. Ако мислиш дека што повеќе го држиш во раце ќе биде полигаво, разгалено или залепено до тебе, исто не е точно, односно нема врска едно со друго. Сите студии покажале дека бебињата што се држени почесто во раце понатака се понезависни и посамостојни поради сигурноста што ја добиваат во нас од најраниот период. Физичкиот допир е многу битен. Бебето е нападнато од многу и најразлични стимулации во денот и твојата близина му помага полесно да одговори на нив. Недоволниот физички контакт го зголемува ризикот од проблематично однесување, како и социјални и емоционални проблеми понатака кога ќе пораснат, што само укажува на трајните ефекти од промените на мозочето што се случуваат од најраното детство. Секогаш кога ќе си уморна, само потсетувајсе дека ти, твоите прегратки се најбезбедното и најсигурното место на светот за твоето бебе, каде тоа се чувствува најсмирено. Секако, ова не значи да оставиш се и само бебето да го чуваш во раце. Апсолутно не. Болат раце, кичма, нозе, имаш и други обврски, или едноставно сакаш да одмориш или прошеташ, се тоа стои и треба да си го дозволиш. Препораките се сепак, на страна овие работи, да се држи бебето во раце што подолго. Башка и Фана ти кажа, како ќе расте и ќе учи нови работи, нема да сака во раце, нема да сака за рака да те држи, ќе сака поише да е надвор со другарчиња него со тебе. Никогаш нема пак да биде вака мало и обиди се да уживаш оти колку клише и да звучи ова време со нив само еднаш го имаме.
Моето бебе е 2 месеци и скоро цело време главчето и е на десната страна, кога спие спие само на десна, се врти понекогаш и на лева, кога само лежи наизменично ја врти главата и лево и десно. Ама сега приметив кога ја исправувам кога ја држам со гзето накај мојот стомак ја врти лево и десно, а кога ја држам со нејзиното меше накај мојот стомак само на десна и е главата свртена не ја свртува лево, што да правам? Да не и остане само на десната страна главата?