Само се тегне, не плаче. Некогаш и звуци испушта, црвено и е лицето, ама не плачела. Имаме и грчеви, може да е до тоа?
Ќерка ми 4 и пол месеци се потпари на дундето..со пликови мали црвени..бевме кај матичната и ми даде крем за мачкање ама само 3 дена смее од него....завршив со него и уште е црвена...никако да и се смири...нешто проверено што да ставам? На секое какање ја одмивам...ама има многу нежна кожа склона кон дерматит...
Моето вака прави со плачење кога му се спие и кога е нешто нервозен или пак сака во раце. А се случува и кога му е досадно па си се врти така нагоре пробува да види нешто.
Мами ние сме скоро месец дена, до сега не сум забележала да има грчеви бебчето ама синоќа не можев да го смирам од плачење, дури откога се искака се смири... сега еве пак едвај го смирив не сакаше ни цице да фати. Дали е нормално ова и дали така се манифестираат грчевите да не сака ниту да цица?
Мамаситас, откако почнав со дохрана бебко недела дена и повеќе се мачи да се искака. Премногу тврдо, по едно топче испушта. Весел е не плаче, ама кога ќе добие напон,изгледа нема сила и еве два пати повраќа. Слива форсирам, крушка потечни кашички ама џабе не помага. Со шти сте им олесниле вие, не сакам вака да остане.
Ако е настинато/затнато пред млеко давање за да му олесни. Ако е здраво ваљда и не мора или еднаш ако хрчка колку да се исчисти.
Мами искуство со неразвиени јадра кај бебе 5м.Денес бевме на ортопед бебе е 5м но рече почнати се да се оформуваат ама не се доразвијани и контола по 2месеци.Му давав по 4капки д3 сега по 6 да му давам други никакви препораки и совети не ми даде,дури и ми рече ако е бебето спремно слободно нека седи.Ќе закажам второ мислење,ама сакам ваши искуства,исплашена сум Едит:Многу имаше гужва па се брзаше,немав шанса ни да го прашам дали е нормално ова или не.До кога има некоја граница до која би требало да се оформат
За колку време поминавте од памперс 2 на број 3? Јас потрошив неколку пакувања памперс премиум 1. Сега користам памперс актив 2 само едно пакетче и мислам дека почнуваат да ја стегаат и треба да преминам на тројка само да не и биде голем број 3. Вие што сте користеле памперс и виолета кои се поголеми по калап? Дали памперс актив 3 одговара на виолета 3? Би ги пробала и виолета.
42 дена сме стари. Бебето ме излудува. Дење никако не заспива. Нишкам по саат време, ќе заспие, го ставам на кревет и за 10 минути се буди. Има ли некој како нас? Денес денски само саат и пол вкупно спиеше и тоа одвај.
Кој вит.д го давате? Давам на 4у ама од памет се вадам со задавување пошто се става директно вп уста...