Пример ако сака во раце, се исфрла така наназад и кенка. Како да пробува да стане и се врти целиот сум го оставила на едно место ќе го најдам на друго.
Мајки малава моја ноќва не знам што ја мачи ама сигурно нешто ја боли. Ич не спиев до сега. Плачеше и дремна само пола час и се разбуди со плачење ја зедов во раце и во раце плачеше одвај ја смирив. Најадена, пресоблечена. Мислев носот да не ја мачи дека чудно ми диши некако, со носе фрида не извадив ништо значи не е до носот. А кога ја држам во раце цело време осеќам дека има гасови. Дали тоа ја мачи или нешто друго не знам ни сама што може да е. Сега пак ја успав да видам овој пат колку ќе спие. И да стане ако ќе ја чувам во раце само нека не плаче нека не заоѓа не можам таква да ја гледам.
Ќе те прашам , ама ништо лично да не ми замериш Дали си од Прилеп? Бидејќи свекрва ми е од Прилеп, и си велев во тој град така да не навиката, секој ден капење- а влажните да ги употребиш се најголем грев. Па тогаш зошто ги смислиле како алтернатива. Ние сме еве во Германија, бебето не го капат овде одма. Капење ко ќе падне врвцата, иначе само со влажни. Го одмивме сега на 4-5тиот ден, до тогаш ништо.Свекрва ми неможеше да се помири: газето, па газето... Бабицата и докторот така рекоа (како што погоре некој навел, дека уште кожичката си имаа на неа од плацентата корисни материи, ова -она. Греота е одма све тоа да му истриеш. И ќе повторам, свекрва ми секој ден се интересира кога ќе го капеме, и не советува од кога ќе почнеме да го капеме (т.е кога ќе се покака одма на одмивање) , а капење цело бебе-СЕКОЈ ДЕН што малку ми е чудно...
на мајчина школа нѐ учеа дека бебињата икаат не оти им е ладно, туку оти не им е доразвиена дијафрагмата. Повраќаат оти се прејадуваат, бидејќи желудочното капаче не им е доразвиено и немаат контрола за ситост. Киваат бидејќи сѐ во воздухот им е ново и тоа им е одбранбен систем. Носињата им се затнати затоа што носните каналчиња им се уште тесни и недоразвиени и многу други работи за кои се плашиме а не треба.
Кога беше новороденче насоки во болница добив да ја бањам секој ден. После ми рекоа на 2-3 дена пошто кожата и беше сува и осетлива. По мене нема потреба, од што е прљаво бебето за да се бања секој ден? Ете и ако мора нека е тоа само со вода без додатоци. Пеленска регија би ја миела секој ден, а кога веќе миев газ полесно ми беше цела да ја избањам искрено. Е пошто 3 месеци имаше теменица, а тоа мора секој ден да се мие, испадна секој ден да се бања. Сега јаде се прави лом и по 3 пати ми се случуваше летово да ја бањам...
Не ги бањав, од болница ми кажаа преку еден ден или преку два. Пред да падне папочната бришење со навлажнети крпчиња или проточна вода, а кога ќе падне тогаш нормално бањање. Миење газе после секое какање.
не, ја бањав преку еден ден, ја одмивам после секое какање мојата беше пренапорна никогаш не спиеше преку ден, почна да преспива на 8 месеци, сега има 9 веќе спие преку ден, ама сега е многу активна и се уморува
Јас да навечер како рутина секој ден само сомвода преку два дена со купка Уријаш, направив рутина. Мирен е мунолеснува после капење ужива
Немора да значи можеби бебето е неспијач. И јас пред да имам бебе мислев дека бебињата спијат 3 часа се будат за јадење и продолжуваат да спијат. Мојата не , спиеше по 15 мин сега пола час но во раце. Доколку ја оставам во креветче се буди , некогаш имам среќа. Едноставно се помирив дека не спие. Во друштвото има уште 3 бебиња скоро на иста возраст сите спијат преку ден. Ја шетам секој ден, ја изнесувам на тераса и пак не помага. Некогаш ја шетам по саат и нема да заспие. Ако заспие тоа е само пола час. Ако во спиење ја преместам од количка во креветче или обрстно се буди. Едноставно нема сон и тоа е . Бебе е 3 месеци.
Не сум од прилеп и кај нас се бања бебе секој ден. Исто сум во Германија, прв пат ја избањавме кога и падна папочето на две недели бабицата со маж ми ја бањаше. Свекрвата уште неможе да се помири со тоа дека не ја избањав одма и сега зошто не ја бањам секој ден. Секогаш првото прашање е ја бањавте ли ?! Како ние да ја прашуваме неа дали се бањала. Мене лично ме иритира тоа прашање, бебето е мое и мој избор е дали и кога ќе ја бањам. Пеленска регија мијам со вода и памук после секое менење на пелена. Инаку и мојата има сува кожичка .
И мене во Плодност ми кажаа на 2-3 дена да ја капам. А и од искуство со првото со кожата секако немаше секој ден да ја капиме.