Има некој скок на 40+ дена? Ептен чудно ми се понаша бебево. И онака си е лепенка, ама последниве два дена...
Ќе те излажам ако речам да пошто не знам какви се на апликацијата, јас не сакав телефонот да ми биде до бебуш и да зрачи а мечето можам со него да го наместам слободно, заради тоа ги прежалив парите.
https://dream.mk/ Од 2500 до 3500 зависи кое ќе го земеш, јас со сите звуци, песнички и сензор го земав тоа е 3500 ден. Плус се пери мечето се вади апаратчето.
Денес нешто ми се уврте у глава за спиењето на бебе. Спие на грб со глава на страна. Педијатар ми препорача спиење на грб ама за глава ми нема спомнато и сега ме јаде мисла. На почеток спиеше и на страна сега не сака. Како е правилно? Страв ми е да не и се сплеска главчето. Вчера напипав и како мало топче позади ушето на лева страна и гледам сега се натака се врти.
ете....баш скроз поинаква приказна и потреби со бебушот Значи битно не е ништо погрешно. Како што е потребата, така...
офф, скроз те разбирам!! и кај нас исто и затоа морав да споделам да ти кажам, да се олеснам. И Ти благодарам за одговорот
Не, на 2-3 дена бидејќи има атопична кожа. Е сега ако има потреба(експлозија) тогаш само газе мијам. При менување на пелена бришам со хартиени марамици натопени во вода. Класични влажни марамици користам само ако сме надвор. А со лосион мачкам ноџиња/рачиња секој ден ако видам дека се суви.
Бањам 2 пати неделно и газе бришам со влажни марамици. За првото одмивав газе на секое па и ноќе, користев платнени пелени и на ова а ни на себе не си ја праам таа тортура пак. Премногу стерилна средина го зголемува ризикот од алергии понатака. Двапати до сега се случува да напнува да се искака, да не може и наместо тоа да поврати во млазови. Не знам дали само е коинциденција и да барам проблем на друго место или може да е поврзано едно со друго. Има некој искуство?
го имаме мечето, само не ми е јасно како беливе звуци мојава ја расонуваат ти како песнички ги сака и си ги слуша
Баш ме интересира шо ќе ти кажат. Моево си беше фудбалер уште во стомак и уште си е таков (1год). Цела ноќ шутира топки, па кога ќе ме погоди во ребро, милини.
Спиете ли со бебињата во кревет? Преку ден си спие во кревет, навечер лудува, кенка, бара нон стоп за јадење и ни 5 минути не сака во креветче, одма кенка и плаче. Приморана сум да го легнам бебуш до мене, а спијам во грч целата залепена за ѕид, маж ми на сам раб од кревет.
Не. Навечер си спие во креветчето, откако се роди се во него си спие, наутро кога станува и пак заспива е тогаш ја ставам покрај мене.