Кај мене некогаш со устата сам си игра со цице и не го фаќа одма и сам си се нервира, тоа трае неколку минутки па после ќе го фати, еднаш така ми се има случено да плаче штом го ставам на цице ама тогаш забележав дека имаше грчеви.. инаку наредната недела правиме месец.
Мамички да ве прашам дали вашите бебенца секој пат кога ќе тропните со нешто или нешто ви падне да тропне посилно се плашат додека спијат или има некој пат не реагираат?
Имам млеко, ама плаче само што ја ставам на перницата за доење, немам време ни цице да и дадам веднаш плаче, па едвај некако со галење ја смирувам па почнува да цица или некогаш па не можам да ја смирам па подоцна и давам да цица. Или пак можеби не и се цица и затоа плаче, а а јас ја терам да цица сега на тоа помислив. @jelo зависи ако е црвсто заспана не осетува, знае некогаш и да се уплаши ако не е црвсто заспала.
Не не сум од Прилеп и не е дека свекрва ми рекла така едноставно малата ужива во капењето тоа ни е еден мал ритуал пред спиење, користиме влажни сега кога почна да јаде кашички и не се прави лом после какање кога уште беше само на доење полесно ми беше да ја измијам него ли да ја бришам, знам за Германија и општо во Европа не ги капат децата редовно но тоа е наша одлука не сум против ако некој родители сметаат дека еднаш неделно е доволно, јас не сметам така после цел ден бљуцкање, лигавење, сметаме дека е убаво да се измие одколку да се избрише, затоа и пишав се е тоа индивидуално.
И мене ми се дешаваше ова многу пати. Не сфатив што е проблемот. Мојата почнува цица и наеднаш потоа почнува да прета со раце нозе, 'ржи и ја пушта градата и плаче пишти. Ваљда се периоди.
Dali pocnavte so greenje? Vo stan ziveam I potoplo e za razlika od kukja, ama nadvor e ladno osobeno noke. Dali da pocnam da uklucuvam klima I na kolku stepeni treba da bidi?
Точно, баш добро рече. Тоа е индивидуално. Ете ние се одлучивме капење за преку еден ден , а ако е "голема направена работата" само одмивање на пеленска регија . Па за понатамо ќе видам
Мајки, дали сте се соочиле со опаѓање на коса кај бебуш? 3+++ сме и многу почна да и опаѓа, прво позади видов од спиење, ама сега еден куп влакненца има, гледам и од напред дека почнува да окелавува полека. Во спиење си ја врти главата нормално на двете страни...
Мајки, да знаете да ми препорачате вреќички за спиење за периодов што следи?. Јас сум со близначиња, родени се во 34та недела пред 13 дена, минијатурни се, ама фала богу се добри. Па секогаш ми е мисла да не им е ладно ноќе, во вратчето... Е сега, дали воопшто има вреќички што се со ракавчиња. Овие што се како на прерамки не би знаела што со рачињата голи, а не ми се оставаат така непокриени. За повивање , имам пробано, ама неќат и двајцата, сакаат нагоре со рачињата да мрдаат. Фала ви.
Јас пуштам греалка навечер кај што спиеме со бебуш, да загрее малку па гасам. Заладува многу накај 3 4, му се затнува носето и се буди, затоа греам по малку.