Најтешкото прашање, некое елече или јакниче потенко, ќебенце....ама јас знам ако бебе не ми се буди за јадење повеќе од 1саат значи претоплено ми е, навистина не знам како да се облечат ( одоздола боди на прерамки, блуза со пантолонки или шпикозни)
Колку често ги ставате на стомаче за вежби и како? И кои активности правите со бебињата на месец два возраст? Исто ме кнтересира кога почнуваат да се вртат сами?
Го ставаш на меше и главчето лево или десно ќе го завртиш, значи да лежи на лев или на десен образ и треба да се труди да ја крене главата. Нема нешто особено. Други вежби со колкчињата правам кога ќе ми дозволи. Околу 5ти месец се очекува да се вртат.
Мајки, имаме 45 дена. Бебево денес денски само трипати по 20 минути, пола час дремна. Загрижена сум. Зошто вака?
Какви вежби со колчиња? Јас правам точаче и ги притискам нагоре за да се искака полесно, исто кога ќе дозволи.
Мојата прва ќерка спиеше четири пати во денот по пола саат. После годината кога почна да крати од дремките почна повеќе да спие.
Точкици нема, ама кога го допирам тоа место не е мазно како на другиот образ или во деловите кај што нема црвено.
Ни на крај памет. Какви сме успани навечер недај боже беља И син ми и она од прв ден се во креветче залепени до нас. Одма ја земам за доење и враќам . Син ми беше потежок за заспивање ама не попуштав по сто пати стави земи од креветче ( само што ќе легнеше отвараше очи) , ќерка ми пак сама си заспива . Ама спиење со мало бебе искрено страв ми е.
@Alexandrite до мене спие бебе. Не можеш ништо да му направиш. Моментално мозокот ти е програмиран да реагира на него. Можеш тапани во соба да не сетиш од умор, ама на негов шум не може да не изреагираш. И ум и тело ти реагира координирано и покрај целиот умор, веројатно веќе си приметила и сама. Ќе видиш понатака, како кога ќе почне да качува тт додека спиете, ќе се будиш само поради дишењето, макар е и во креветче на другиот крај во собата. Единствено, не го ставај меѓу вас оти маж ти го нема истиот инстинкт како тебе. Бебето стави го на страна и заштити ја таа страна од пад. Да се разбереме, креветче секогаш е најдобра опција, не само за бебето туку за вас исто, ама додека се буди често те разбирам дека ти е попрактично да е до тебе. Моето има креветче ама ќерка ми му го зема и додека ја решам таа ситуација ќе спие до мене. Поопасен е оној момент ноќе кај сите, што кога доиш може да ти се деси да задремеш со него во раце. Затоа е битно да не си на столица или негде каде што си повеќе исправена, туку во кревет, со нозе на кревет, опколена со перници и навалена малку на назад. Се надевам ме сфати. За спиењето ако ти е страв или си несигурна во себе што е нормално и тоа оти си тазе мама, префрлај одма во креветче. @fana сите релаксатори се таа форма како седечка. Ама друго е кога е легната позицијата како што се препорачува за 0+ оти не прави притисок на ‘рбетот. Понатака се крева делот за седење. Ставај го. Јас имам од истиот бренд, помага многу за грчевите.
Мајки вие ги изнесувате бебенцата надвор додека се ептен малетки? Моето во четврток прави месец и денес времето е сончево, нема ветер, моментално е 21 степен па би сакала да го прошетам малку надвор. Како ги облекувате за надвор и дали да му ставам и капа?
6 дена имаше кога го шетав надвор. 40мин се возевме со количка. Беше 23степени на шпикозни беше и со кебе покриено. Капа имаше.