Мајки малата ми е 24 дена, педијатерот не ми кажа ништо за грчевите и не ми препиша се уште ништо. Ваше мислење од кога почнавте вие да им давате капки на малите? Има многу грчеви не се трпи више. Да не е уште мала или може да почнам?
Биогаја мислам дека е пробиотик. Имаш многу за грчеви. Колиеф,колипреф,бекутан и сл. Види пробај дали некои ќе ви одговараат. Обично е процес што мора да се помине, капките немаат многу ефект.
Ако ти е родена со царски, Бејбитол неонат се број еден...звучам како некој нивни промотор но навистна се феноменални и можеш да почнеш тоа е пробиотик а Колипрев со активна лактаза се незаменливи[/QUOTE]
Мајки значи не знам што да правам. Брат ми беше на гости и за секунда бидна и го бакна бебето во раче. Иначе не давам бацување, ама не му спомнав и бидна. Веднаш со антибактериска марамица пребришав па со во да. Во минато знам дека му излегуваше херпес на уста, ама нема сега активен. Има ли шанса на малото да се пренесе? Почна да ми се повраќа што се исплашив.
Проблем ми се појави, бебе се дави и гуши од цуцла. Штом ќе и се приближам со неа трга да повраќа и не престанува да кашла. Спас?!
Да не е цуцлата не соодветна т.е со поголем отвор, смени друга јас имам на Авент и Чико, првото ни е супер а од Чоко се давевме пошто отворот им е поширок
Девојки малата 4 ден се нема искакано...напната е, нервозна и плаче.. Прв пат се случува ова, како да постапам? Што е најдобро со сапунче, топломер...и како да постапам? Фала
Мајки овие д3капките почесто заборавам да и ги дадам на малата. Пробиотикот го давам насабајле овие на пладне ама често ги заборавам пошто многу ми се гадеше од омегата и ги плукаше, борба водиме. Колку е сериозно што не ги давав секој ден? Ме фати паника да не не биде нешто во ред.
Јас и давам Espumisan L. Не редовно по потреба. На цуцлата ке и капнам неколку капки. Иначе почесто ја редам кај мене ма меше и ја тапкам по памперсот. И пуштаме музика white noise. Се смирува одма. Сега имаме друг проблем не можеме да какаме. Сменавме пробиотик. Ке видиме дали ке има ефект, ако не млекцето ке го сменам. Од кое млеко сте задоволни, што нема да ствара запек.