Мамици како да исчистам нос кај бебе од 20 дена? Аспиратор немам, за капки мал бил. Со физиолошки може? И ако може како се прави тоа?
Има едни мали пакувања физиолошки, јас му шприцав во ноздрва да речеме 1/4 или 1/3 од течноста. Меко е пакувањето и лесно може да се стисне. Аспиратор е сосема ок да се користи според мене, но да не се претерува и да не се повторува многу. Пример ако не излегува во да речеме 5 шмукања да се направи пауза па да се проба повторно.
Од хип органик комбиотик, редовно секојдневно си какаат. Предходно со Аптамил имаа запек по 5 дена не какаа!
Има спреј физиолошки раствор. Освен со аспиратор не може поинаку. А аспиратор не се користи кога бебето нема секрет во нос
Предлог за витамин Д? Да е со пипета или капки зошто овие Бејбитолов не ги можам веќе, пола надвор ми истекува додека го свртам, easy twist off како па да не.
Има некој што не заборава витамин Д да даде? И јас заборавам. Инаку малава ја ставам во креветче,ама знае да стане за цицање некаде околу 5 и тогаш ја зимам до мене. Се плашев и јас, ама како што кажа Јованити, програмирани сме да се будиме и на најмал шум. Ја ставам измеѓу мене и од другата страна го влечам кревечето. Со мене спие и синко. Маж немам ни за лек. Затоа инсистирам малата што повеќе во креветче да е. Јас ставам физиолошки, имам многу, ми дадоа како подарок од патронажната, баш се за една употреба. Како во ампули се, ги има и во ДМ. Бебка миислам дека ми е настината, каката и е зелена, кива стандард, ама се закашлува. Кога ќе ја облечам плаче, а еве необлечена ќе ми се разболи. И синко е таков од бебе, с’клетчија, и еве сестра му. Синко без јакна шеташе во зима. Утре ќе и купам од оние скафандерите како мечиња што се,мислам таман се за периодот. Ако сака да го носи де.
И јас не ги можам, барам и за омега замена . Јас овие ги земав, во една доза има 400ie исто како во капсулата.
Мајки навечер колку често стануваат вашите бебчиња да цицаат? Мојот дечко е скоро месец и станува некогаш 2 некогаш 3 пати.
За ноќното доење нема правила. Некое бебе си ја преспива цела ноќ, некое се буди на два-три часа, некое нон стоп сака да е на града. Ова вашево е добро штом се буди 2-3 пати. Мама сепак ја фаќа сон
Со физиолошки без проблем, легнибго на страна и капни во горната ноздрва и почекај ќе почне да кива, за 1-2мин повтори со другата страна