Vo gradot kaj sto ziveam jas e mnogu ladno osobeno na vecer. I deka sobata e enormno golema i so plocki frizider e navecer ako ne pustime nesto
Можеш да пуштиш клима евентуално на саат два навечер. А како го облекуваш бебето? Иначе на вас ви е ладно од плочките, ама бебето не оди. Облечете си папучи.
Што би купиле за повојница? Или што ви донесеоа вас? Порачав вреќа за спиење и комплетче, ама мислам дека треба уште нешто. Доволно е само чоколадни бонбони?
Јуле, ако земаш од Зара без проблем можеш да замениш ако не одговара. Додуша од било каде. Иначе според ова што го земав мислам мечињава ги прават малку поголеми од бројчето што го носат, за да одговара оти нели се носи облека испод. Мини е C&A? Ја ич не сум задоволна од нивните материјали ни за бебе ни за поголемово.
Мајки кое адаптирано млеко трае 2 месеци по отварање, а доаѓа со помала грамажа? Сакам да земам за кога ќе излеземе да имам што да му дадам. Секогаш кога ќе се измолзувам ми се чини ми се стврднува дојката.
Пишав погоре на една членка. Мене спасот ми е само ЏинЏира спреј за бебе. Малата имаше проливче, газето беше катастрофа, со брунчиња дури како рани, се исчисти за неколку дена.
Три дена по ред го мерам бебуш, ми покажува иста грамажа, ни доле оди ни горе. Полни пелени нон стоп, цица на два саати, цица од сабајле без престан по 3-4 саати, само навечер после 12, по 3 саати пауза правиме. Вагата е проблем или можно е три дена да стои на истите вредности?
Да, бебка претежно од таму, Х&М и Окаиди има облека и јас сум задоволна. Исто и за синко што зимам мајци се во ред. Тука Зара ја затворија, а он лајн се чека и по една недела. Знам оти враќаат, ама пак се чека. Во Х&М нема избор, освен да нарачам он лајн. Има во ДМ на Аптимил, готово АД, отвараш и даваш. Околу 200 мл е. Не сум ги купила, ги има во Х&М, C&A, има и во Зара.
Провери дали имаш млеко доволно, јас со првото така мислам се е во ред на мерење не мрднала и кога ми рече педијатарот да проверам млеко, шок - 50тина милилитри, јадно бебе нон стоп на цице зашто нема млеко.