Жени како гинставате на стомаче вашите бебиња и колку често? Ние сме 50 дена кас го ставам на стомаче и со врна бела играчка самото ја врти главата од ефна на друга страна, не знам дсли е правило на 30ти сум на ортопед, сега го ставив ми заспа на лева страна па го ставив на грб не знам што и како е исправно околу вежбите па ме имтересира што правите вие
На многу бебиња ставањето на стомаче не им е омилена страна а тука спаѓа и моето. Не се секирај ништо страшно, ортопедот мене ми предложи да го ставаш потпрено на перницата за доење, на нога кога седиш или на тебе да лежи да ти дојде со главчето нешто пред брада и така да вежба држење на главчето.
Јас во скоро легната положба се местам и го ставам на моето стомаче да лежи главчето скоро до моето лице му доаѓа и успева си го крева, така му правам 2-3 пати дневно.
Како сте со повраќањето? Мојава еден период ми повраќаше така 2,3 дена после доење. Денес пак. Изгледа се прејадуваат. Ја кревам секогаш да ждригне ама пак исто. Како напредувате со килажа тој период кога повраќа?
Со повраќањето и ждригањето имаме голем проблем, значи дефинитивно секое бебуле е различно - ако грчевите не оставија на раат ова не не остава, после секој подој морам минимум да го држам половина час, ждригнува два пати пак јаде, пак ждригнува и накрај бљуцка за да заспие. Ова е најтешко ноќе. Знае ли некој кога зајакнува хранопроводот и кога ќе се среди ова?
Јас не би мерела секој ден, еднаш неделно на почеѕокот е доволно. И подобро на педијатар само, на иста вага секое мерење. Вака се опседнуваш со грамови само и си правиш огромен притисок.
Јас така со првото се опседнав. Т.е од ремедика беа такви. На 2-3 дена на мерење. Паднало/качило. Леле паники. Дај АД, исклучи АД. Си го прејал, си го изгладнел . Седи мери подој. Стресови ми беше секое идење. Сега маж ми ми забрани вага. рече колку сакаш у систина иди ќе плаќам , отколку да ми ја мериш нон стоп и да ми креваш паники и да имаме мирна глава А и сега се полабави некако сите. Битно им е да напредува а колку никој не смета. Барем во Систина последно ќерче качи минимум , ми рече доено дете не броиме грамови дневно, битно е да не стагнира само.
Баш подолго време ми повраќа големи млазови после јадење, и тоа јаде 90мл а треба веќе 120мл. Бев на педијатар пред 2 недели супер напредуваше па ми рече не е страшно, во план сум да го мерам оваа недела да видам дали напредува уште. Веќе ум немам, подолго време кака и зелено, слушав педијатар вика ако подолго време стои во него изметот оксидира.
Да се убацам, ова со каката нека не ти биде на мисла. Посебно ако пие бебелан. Јас од кога сменив на бебелан, почна да кака така се додека не почна да си јаде убаво 3 оброци. И сега ако прескокне некој оброк и пие млеко наместо тоа, има зелена кака
Скроз те разбирам, од тој стрес јас првите 3 месеци бев во многу тешка состојба. Од опседнатост со доење и напредување немав време да уживам со бебе, во магла ми се сите тие први денови и многу се каам. Не го мерев дома, ама секоја недела на педијатар одевме, се чувствував како да потфрлив. На бебето му треба само здрава и присутна мајка, нели Сега скроз различно размислувам и затоа вака пишав. И мене мм ме освести со "доста е веќе, вака веќе не може".
Леле ме просветли, да баш бебелан пие, го пие од раѓање. До 40 дена беше на мајчино па немав проблем, кога почнавме со дохрана вака почна зелено да кака абе секакви мисли ми доаѓаа не можев да одкријам што е, педијатарот вика напредува не е страшно па ајде се фатив за тоа дека оксидира..
Здраво, моето бебе е скоро 50 дена старо и сакам да си симнам некоја убава апликација која следи развој на бебиња. Со тоа ќе сум во тек што да очекувам и како да стимулирам ако има потреба. Она веќе гледам прати објекти, ми се смешка, сака разговор и сл. Ама апликација за бебешки развој би ми била од корист. Имате некоја за препорака?
Јас не би ти препорачала да се замараш до толку. Јас се опседнав со тие апликации и milestones. Ако пишува дека у 6та недела треба да се смеат ја у 6 и еден ден веќе почнував да паничам дека касни со развој...исто и за другите работи, место да си уживам со децата ја анализирав што постигнале што не.
Педијатарот би требало да го следи развојот. Ќе ти каже што да стимулирате и како, ќе те праша што прави, па како да вежбате ако нешто не прави и сл. Сите деца се различни. Многу е важно да се децата на земја каде имаат простор да мрдаат да се вртат да фаќаат. Подобро гуглај кои играчки се убави за кој период, па така ќе знаеш што да стимулираш.
Ми препорачаа да пијам Тотхема бидејќи ми е паднато железото, во бременоста ги сменив со други бидејќи ми се гадеше од нив, но сега ги истрпувам бидејќи биле најделотворни, но слушнав дека можат да му створат грчеви на бебето чим дојам, вистина ли е?