Се тоа правам. И редовно на педијатар и играчки итн..Прашањето ми беше за апликација,сакам да ја имам како што имав на пример во бременост. Многу ми беше од корист и покрај сите прегледи, скрининзи, пренатални тестови, витамини и сл
Можеш да ја симнеш Бебо. Јас ја имам и супер информативна е. Не внесувам податоци за бебето или прегледи на доктор и вакцини, само читам. Минатиот пат ја имав the wonder weeks. Мислам се доплаќаше нешто и ги следи и објаснува скоковите. Ја имам и книгата the wonder weeks, која е по обемна од апликацијата и фазите на развој се поубаво и подетално објаснети. Тогаш имав повеќе време да читам сега ја отварам кога можам. Според мене е битно да знаеме низ какви развојни фази поминува бебето и што можеме ние да направиме за да стимулираме правилно и да им помогнеме полесно да ги поминат. И јас би ти рекла, само без опседнување оти секое дете е различно, ама секако убаво е да се информираш низ што поминува малото за да можеш и ти полесно да ги разбереш промените во однесувањето. Јас воопшто не се опседнував ниту со доење ниту со ставање килажа и препорачувам да не го правите тоа. Ќе има месец и кога некое бебе ќе стагнира и замислете и тоа нема да е трагично. Дури и некој месец да намали не мора да значи ништо, ниту е трагично како што таму преставуваат. Битно е да не намалува во континуитет. Другото е се нормално ако се деси некогаш. За живи битија се работи и не може да очекуваме се да оди по книга.
Како ви спијат бебињата на месец и пол? Колку ви спијат дење, а колку ноќе? @Mari-Li @GoldenFrida врсници ни се бебињата.
сега почна поголем прозор на будност да има. Знае да буде будна по 30-40 мин. Пак заспива.Искрено нема некој ред уште
И ние сме некој ден помали. Обично по 30-50мин, ама ако не заспие убаво знае на 20мин да се буди, да е буден по 10мин,па 20 да спие, па пак да се разбуди...
Менува спиеше повеќе дење, сега веќе не сака има мали дремки од по пола сат сат… и после е журка сака да му поеш па пак ќе дремне малку и така кога го шетам врзува подолго. Ноќе у 8:00 го бањам цица 9 кревет се буди во 2, па во 4 и после во 6
Мајки тие што го користите сирупот за грчеви на Нурсе Харвеј дали бебињата ви спијат повеќе и се како млитави???? Ме фаќа паника вистина помага меѓутоа спие од 11 до сега без престан само за јадење јас го будам и јаде без проблем 5 минути е буден и пак заспива многу сум исплашена
Не е од сирупот ама не се плаши, и моите имале такви денови кога се поспани поише од обично. Ако е подолг период консултација со педијатар. Да не ти е претопло во соба?
Леле како себеси да се читам. Јас дека одам во Ремедика и истово скроз ко тебе. Обично качуваше по 50гр. И еднаш по 20гр , толку се разочарав зошто сега 20 да бидат што не е во ред. И секое одење на мерење јас под стрес. Марина вика супер сте. Мене пак во глава тие 20гр. Напоредно одам и на друг педијатар. И толкава збунка си напраив. Тие пак тежината од прегледите со датата ми ја пишаа во картонот од Ремедика. А различни ваги различна тежина. Па ми се погоди Живковиќ на смена малце качила ми вика за 7дена а таа тежината ја гледа мерена кај другиот педијатар. Ми вика гладна е дај ад немаш млеко. А јас гледам дека имам млеко на претек. Одиме другиот ден кај другиот педијатар качила 200гр што не е можно сфатив едната вага кажува помалку другата повеќе. После кога си ги споредив само прегледите во Ремедика, и мерењата кај другиот педијатар сами без тие во Ремедика. Гледам супер напредува. А и маж ми исто ми рече доста се опседнуваш со бројките. Качила кило за месец дена што сакаш повеќе. Тоа по недели некогаш поврќе некогаш помалку. Битно на крајот за цел месец 1кг е сосема доволно. И од тогаш реков веќе не се стресирам. Колку сака толку нека качува. Секое дете не цица исто. Некое е полакомо. Не може сите исти да бидат. Мора да има и слаби и дебели. Теорија е едно ама во пракса не можат ко по книга да бидат децата.