Пишува на сајтот на бејбитол неонате за бебиња родени по 37ма со царски два пати По царски рез: 2 пати на ден, три месеци од раѓање. Целосниот ефект се постигнува со примена до воведување на претежно немлечна исхрана. Антибиотска терапија: 2 пати на ден со антибиотска терапија и три недели потоа. Предвремено родени бебиња: 1 дневно (бебиња родени пред 37. гестациска недела), 2x дневно (бебиња родени по 37. гестациска недела). Три месеци од раѓањето.
Те молам ако разбереш до која возраст треба, да споделиш тука. Јас самата видов дека е такво јазичето, прашав педијатар, виде дека е навистина и ми рече штом си напредува добро и става килажа да не се замарам.. Ама штом прави проблем понатаму сакам да знам до кога треба да е сецнато.
Јас на моето му го отварам на бањање ама уште не сака да се отвори ,како скроз затворено му е. А за некој ден 4 месеци
Почнав од кај 1 ипол ,2 така нешто. Некои почнуваат од одма може и требаше зошто ептен му е залепено,не знам дали е моја грешка или не..
Тоа на орална хириргија се прави, бебка ако нема проблем со цицање да не одиш никаде а доколку имаш проблем што порано го средиш подобро, бебињата полесно ја прифаќаат интервенцијата т.е не се ни свесни а поголемо дете најчесто не соработува
Кај мене на едното бебе е така јазичето, прашав педијатар и ми рече воопшто не е проблем, бебе си напредува одлично, а вели дур не проговори нема да знаеме дали има потреба од сецкање ми рече да чека и да не брзам. И верувам бидејќи за ич пари со нејзин совет ме спаси од папочна кила за неполни два месеци!
Што порано тоа подобро инаку тоа ми е професија и затоа ти препорачувам што побрзо баш е 2 мин. интервенција
Јас почнав од два месеци да им ги отварам, ама од страв да не ги повредам не супевам цела главичка да ја извлечам, на секоја контрола на педијатар им ги отвара и баш пред некој ден кажа дека се одлични!
Како да ги препознаам грчевите? Бебе денес цел ден е на цицка, од сабајле од 9 до 7 саат со минимална пауза цица. Ако не е на цицка плаче. На крај земав термофор, пуштив white noise и заспа за 5 мин. Кога почнуваат грчевите, и колку време траат во денот и општо денови, недели, месеци? Пак плачев што го гледам такво безпомошно, неспиено, гревно.
Да не немаш доволно млеко? Моето така правеше на почетокот ако не го ставам на цицка многу плачеше, а и не можеше да заспие. Кутрото било гладно зошто немав доволно млеко а немаше кој да ме упати и да ме научи па ми рекоа стави му цуцла. Додека не му дадов Ад дете не ми заспа. Не те советувам да дадеш ад ама измолзувај се види да не не му е доволно млекцето можеби затоа сака само на цицка. Грчеви како што знам навечер ги фаќаат најчесто 2 3 саати плачки и после се смируваат и заспиваат.
И јас би ви рекла што порано тоа подобро. Се работи за сосем мала мембрана која иако не прави проблем сега околу доењето, секако со растењето и поголемата сила на бебето ќе го отежнува движењето на јазикот, а понатака може да направи проблем кај говорот. Скроз е непотребна и нема никаков бенефит од неа, а интервенцијата кратка. Секако, консултирајте стручњак, и одлуката на крајот е ваша, ама поубаво е да елиминирате можни проблеми понатака.
Со силиконски го дојам, секој пат му тече по образи и има во резервоарот, плус кога дојам од едната, од другата ми капе цело време. Вчера се измолзував, од таа последна што ја дадов да цица, едвај 10 мл извадив, другата извади без проблем. Не знам што да кажам.
Епа може е во скок бебуш па сака блискост. Галете се сигурно е период и ќе помине. Не верувам да се грчеви
@BearMe Мене Марина во Ремедика ми рече дека со цицање ресичката може сама да се издолжи и да нема потреба од интервенција. Ми рече на една година да се направи контрола и да се види дали има потреба да се интервенира.
Како ја решивте папочната кила? Моето има, матичната ни вика само од себе ќе си помине, ништо да не правиме.
I mene ona mi kaza, no mn citav i sama resiv, baska kolku e pogolemo deteto potraumaticno e za nego.A sansite da ima govorna mana se golemi, no se zavisi i od toa kolki e kratok frenulumot.