Јас не ни знам како изгледа тоа. А и никој освен Марина не приметил. Марина примети и ми кажа. После ми рече не се мисли за тоа ќе видиш на година како ќе биде. Вика како ќе цица бебето може да се издолжи ресичката. Да не се секирам.
Дали повраќаат вашите дечиња од нос? Два пати ноќва после јадење ама не одма дека заспива , од носето млекце само не и од устата, а пред тоа се од уста бљуцкаше. Ептен језиво ми дојди око не склопив дане се угуши, и и стоеше таму и само киваше па така подиспадна
Мене педијатарката ништо ми нема речено. На контрола сме за 10тина дена па ќе ја прашам сама. Бабицата што ми доаѓаше дома ми рече мора да се отвара. Му го отварам на бањање. Искрено се изначитав овде дека се затворило и требало хируршки да се интервенира, па го отворам на бањање, не сакам да дојде до тоа.
Со метална паричка обвиткана во газа и залепена со медицински фластер, цело време на папочето, за бањање тргам и после одма лепам. Купив и појас Али џабе фрлив пари цело време мрдаше. Пробај ете кај нас помина!
Патронажната сестра. На секое капење по малко. Дури ми нагласи ако може мм да го праве тоа нели дека маж 3 недели сме стари, а во болница прв пат му го отворија заради хигена.
Треба да се отвора, меѓутоа не кај новороденче. Кога ќе потпорасне малку, при бањање во топла вода треба да се вежба, ама постепено. Доколку е неуспешно, уролог го отвора со интервенција од 5 минути, немора да значи операција.
Исто и мене 2ца педијатри ми рекоа од 1 месец на бањање по малце да се отвара. Мене ми е страв маж ми тоа го прави обично
Во Плодност др. Маргарита ми рече да не го отвараме дека сите бебиња немале потреба од тоа, денес матичната вика треба да се отвора но е рано, два месеци сме.. искрено не знам кој да го слушам
Значи од 2 месец. Првите 2 месеца се смета за новороденче. Мене бабицата ми кажа исто, со полни 2 месеца да почнам да го отварам.
@Yowannty или и други, ама ти купуваше скафандер, колкав е синко твој што зеде 74? Јас он лајн ќе порачувам, Мини од C&A, бебка носи 62 сега, а може и 68. Не можам броевите никако да ги управам, знам поголеми се скафандерите ама 62 само еден месец ќе го носи. Колку кг е син ти, мојава е околу 5 кг. Те отеков знам
Не бе уживај за тоа сме тука. Син ми е над 7 кила, или скоро 8. Голем е и тежок дома не мерам па не знам точно да ти кажам. За 10 дена ќе го мериме. Носи 74ка, скафандер нарачав 80ка оти така како тебе мислев дека со алишта под него 74ка ќе му биде кнап. И 80ката излезе претерано голем како вреќа. Го сменив за 74ка и овој е голем ама може и на пролет ќе го искористам овде е ладно. По тоа сфатив дека скафандериве се поголеми веројатно оти е планирано да има други алишта под него. Е сеа зборам конкретно за Зара, со други немам искуство, ама би требало да е исто оти намената им е иста. Ја би зела 62 ка во твој случај па би сменила ако е мало. Рачунај 62ката треба да е поголем, пресметано дека ќе носи алишта испод. Или ако мислиш дека за брзо ќе купуваш 68ки облека за беба, нарачај 68ка ама има шанса тој многу да е голем.
Облека почна и 68 ки да носи,зависи нели и од моделот, ама еве вчера од таму и зедов комплетче со елек и само блузата е поголема. Во продавницата имаше 56 и кога ја облеков и беше таман. Реално и 62 ќе и биде поголема. Ај ќе земам 68 ама баш вреќа ќе дојде и ич не сакам во вреќа да е. А мене ми е за до декември да тера, место ќебенце сега, тоа оти воопшто не е дебело.
Фала ти. Ние лепиме газа ама кога ќе ни текне, ќе пробам и со паричка ама поупорна ќе бидам. И големото дете ми имаше ама не беше толку изразена и брзо му помина. На ова му е баш големо топче