Што се случува во тој скок? Бебе многу ми се смени последниве недели. Не спие ни дење ни ноќе, не сака да јаде дење, бара ноќе повеќе, многу е кенкав плус, само нервозен. 16 недели е според дата на раѓање а роден е 41ва.
Мајки, бебето ми е 8 недели и 5 дена. Од петокот почнав да давам Infacol капки за грчеви, грчевите скоро исчезнаа, но не е какан 4 дена. Вчера вечерта и сабајлево е плачлив, се стиска при што пртка, ама не е какан. Се мислам да не е од капките, нидејќи претходно си беше супер. зпо 4 пати какаше, па намали на 2 пати, ама ова е ужас веќе. Инаку го дојам. Од денес решив да престанам да ги давам капките, незнам навистина дали може да е од нив.
Овие вештини треба да ги научи до крај на скокот или нема некое правило? Повеќето веќе ги совлада но има некои работи што уште не сум приметила да ги прави.
Не мора да ги совлада сите, некои вештини ќе ги совлада подоцна. Но не е ништо загрижувачко тоа, гледаш кај моето колку биле штиклирани. Кога ќе ги видиш тие во следните скокови ќе се фатиш за глава. На година дена задачи квантна физика треба да решаваат.
Пред подој една епрувета 0,5мл во уста. Е пошто е мал и често е цел ден на цице, повеќе гледам временски на 3-4 часа.
Кога моето бебе не беше какано 4 денс педијатарот ми зголеми Инфакалм на 4 дози по 1 мл и плус јас ставав повеќе павловиќеве кај газето и кај чмарчето и се искака одма утредента
Бебе утре прави 30 дена,уште е спанко, скоро почна почесто да се буди,роден е 37 недела и мислам дека заради тоа.Постарото синче е родено 40+2 од старт беше побуден,повеќе мрдаше, побрзо почна да реагира кога му зборуваш,да реагира на име,ова уште абер нема од ништо ова,само се смирува кај мене кога ке го земам и ме разликува од сопругот ако плаче, ама кога му зборувам како да не ме регистрира,цело време е поспано.Дали скоковите во развој се сметаат од раѓање или од термин?
Ви се штрекнуваат ли малите,некогаш изненадно како да се плашат.? Мојот не правеше така,а последниве денови кпга е поспан или на изненаден звук ако ми е во рака знае да се штрекне некако и да се згрчи во мене,и почнува да плаче. Искрено ми изгледа страшно, како некпј спазам во секунда да му се алучува. Не знам дали да го носам на еег или е нормално. Педијатар вика ништо не е, детето е здраво и напредно, но се плашам од тоа грчење на телото. И читав дека и други бебиња се виткаат како кроасан рече една членка. Почна и мојот. Читам не било ок да е така....
Кај мене сирото по цел ден се штрека од поголемото синче,намерно го плаши.Ништо не им е,нормално е,не се секирај
Значи логика ми е добра, да сметам 3 недели покасно.Некаде прочитав дека до термин спијат повеќе и навистина моето не отвори очи до термин,сега почна да се буди после 20ти тогаш ми беше термин,а нормално напредува.
До термин, јас мислев до раѓање. Ја спуштив вондер викс и реално тачно според термин минпочна скокот во развој без оглед што е роден две недели порано