Ели користевте и за бањање од Ларош или само кремава? Моево имаше премногу бебешки акни по цело лице и тело и сега на местото кај што биле акните кожата и е премногу сува. Мачкав јекодерм ама не гледам многу разлика... Инаку ја бањам со Веледа, 1-2 капки во кадичка не директно на неа.
Вака нешто разгледувам Во еден дел се дува воздух, во друг се полни со вода. Кога пробуваат да фатат нешто тоа внатре мртка во водата. Претпоставувам е интересно и фино за сензорен развој. Единствено што овде нема реално ниедна играчка да ја допрат. Целата игра е повеќе како “ловење”. Ама ми се гледа многу примамливо, па на друга обична подлога можам да му наредам играчки. Имам искуство со трошење пари за многу работи кои останаа неискористени и стварно сакам да му погодам нешто.
Јас ја бањам со маслена купка Биодерма, а ја мачкам со Ларош после бањање и преку ден повеќе пати. Иначе сува кожата исто, сега е супер
Само кремата Ја бањам со уриаж маслената и кремата ла рош после неа. Сега се исчисти па мачкам уриаж млеко за тело а на лицето некогаш мустела хидра некогаш ла рош .
Имаше и мала? Ај за синко ќе се најде за зимава, он има проблем со лишаи и сува кожа @Iris-1234 да не знаеш од каде е бејби џимот ? @Bebuli Мојата кога и се спие почнува да плаче и негодува , ставам цуцла на 2-ро шмукање она заспала Не сака да ја нишкаш , плаче. Може и до детето си е , не сака ни легната во рака. Синко баш напротив , окапав нишкајки и во раце спиеше
Ели од кога и ставаш крема на лице? Мојот е еден месец има бебешки акни кои денес забележав дека му се повлекуваат ама лиценцето му е суво па се мислам дали да му ставам уште сега или да почекам уште месец барем?
Само на лице ставаш од неа? На моево му излегоа вруќици (моиве го гунтаат безврска кога го шетаат без мене ), а и комарци го сефтосаа на крај на сезона и Биодермата нешто не ни се најде баш за ова. Што мислиш, ќе ја бива за ова?
Зошто обавезно? Има некои посебни придобивки? Мојата имаше нелагодност во меше од биогајата и престанав да давам. Не знам дали да пробам пак..