Ако си природно земи на Health Aid другарките се презадоволни јас користам БејбиТол ама тој е за царски
Дечки бев кај Видоевски, ми даде некои совети за како да го држам малото и останати вежби на стомаче и вртење лево десно, ме интересира вие што сте блиску до мене 50/60 дена два месеца како ги стимулирате вежбате вашите малечки? Како ги терате да не преферираат страна (моето обожава на десно, ортопедот ми даде совет да ставам рака пред главата за да го изгуби вниманието и само да сака да ја сврти пробав еднаш успеа потоа тешко имате ли вие некој штос? Вежби за нозе што правите? И на крај дали го возите бебето во корпа или во класична количка, денес ортопедот ми рече да го возам под 45 степени во обично седиште дека е доста корпа Фала ви
Мојот педијатар кога прашав за пробиотик, а предвреме е родена ќере ,природно. Ми рече нема потреба од пробиотик..
Така имам слушано и баш гледав за ќерка ми и така бидна. Откако прекинав со доење ја доби 'трајната' боја на очи, а до тогаш многу нијанси смена
Прв пат во овие 40 дена ми повраќа ко фонтана, низ нос и уста. Преплашена сум. Од што може да е? Бевме цел ден надвор од дома после молитвата, се измалтретира и сега последно кај мајка ми цицаше неколку пати, а не беше искакана цел ден. Ко си дојдовме дома пак цицаше, не можев да ја смирам никако и почна да се витка од мешето. Одма почнав со масажи и со нозете нагоре, и се искака и по една минута уште необлечена ми исповрати така ама многу обилно. Што може да е? Од што ја стегав на меше да не е? Последниве дена само така може да се искака, инаку претврдо и е мешето иако се и давам.
Од многу мрдање. Гледај после цицање да ждригне. И не менувај пример одма памперс. Нека помине малку време после цицањето. Мене така нон стоп ми враќаше. Марина ми рече многу прета темпераментна е витална и поради тоа нсјмногу враќа.
@Erika.greeneyes тогаш јас сум крива одма ја масирав и правев тие кружни вежби со нозете, ама гревче ми е како се стега и се мачи за какање секој ден. А прета и таа особено при доење ко ќе ја мачи мешето, се бори, клоца. Фала ти, само да не е нешто посериозно, ќе внимавам од сега.
@kristina.k откако почнав со дохрана синко од 8пати на ден течна столица, почна воопшто да не кака. Матичната рече остави го, мпра да се навикнат цревата. И вистина, не плачеше, мешето беше меко, ама добиваше напон а не можеше да се испразни. И кога наеднаш ќе напне, ми повраќа исто така млазеви. Инаку каката е тврда многу. Се пробав и јас, и изгледа ќе ми даде матичната некое сирупче за празнење, вака не оди веќе.
@LaDyDoLl и оваа напнуваше многу, поточно цело време се напнува така со мешето и има логика од тоа да се врати се нагоре, ама ептен страшно изгледа
Од вежбањето со нозете но не се плаши не е страшно ако после тоа е рааположена иако повраќањето баш страшно изгледа
Моево денес цел ден напнува да се искака и повраќа, јас паничам цела сум лом кога ќе го земам да ждригне ждрига и повраќа во исто време - зошто зошто се алчни премногу јадат немаат ситка јас се се плашев да не ми намали килажа вчера бев на контрола за 20 дена качил 900 гр. А повраќа секој ден. Мене прашањето ми е како се регулира цицањето јер они би 24/7 на цице
Јас знам до негде 3 години. Ќерка ми до скоро 2 години имаше сини очи. Пред да наполни 2 почнаа да и се менуваат и веќе на 2 и некој месец и беа зелени. Сега наполни 3 сеуште се зелено сивкасти и мислам дека веќе нема да менуваат. Иначе доев полни 15 месеци.