За оние што сакаат да ја земат кремата на La roche ја имате во сет со скоро истата цена со уште два производи. Ја има на поише места, јас од тука ја нарачав
Бебка качила 800 гр за еден месец. Што е одлично за доено бебе. Прима и вакцина за рота прва доза. Следните вакцини се од 3 месеци па натака. Има контрола и за колковите. Овде при отпуштање од породилиште им прават ехо и потоа по потреба. Бебе напредува добро, сега и давам пробиотик заради вакцината. Јас зедов Waya. Бебка стално бутка раце во уста, лигави и си ги мокри ракавчињата. Ве читам и се присетувам каква бев јас со првото бебе. Сега колку сум опуштена,лабава, и да ви кажам помалку се стресирам. И бебе ми е посморено. Јас со првото имав толку стресови, немир, што мислам и синко осеќаше. Со ова сум многу смирена и она е иста. Или така се погоди бебето. Затоа мами, не паничејте толку. Нормално е да плачат, да одбиват да цицаат, да не спијат. Имаат секакви периоди. За нормална кожа со каква крема за лице ги мачкате?
Имала ли некоја слично искуство? Педијатарот ми рече рестрикција во доење на 3-4-5 часа бидејќи бебуш е 2 месеци полни, а е 7350г. 61цм. Ми рече ако бара порано јадење да давам чајче. Ептен ми е жален, давам цуцла и го заспивам гладен… а може па претходно бил прејадуван нз
Јас мислам ако бебе ти е складно градено без премногу фалти да си му даваш да јаде, греотка е....јас би му дала и не би ја послушала педијатарката, мене бепка од прв до втор месец ми качи 1350 гр и ми рече ако продолжи вака ќе треба на диета но и да треба нема да го ставам, баш складно изгледа со по една мала фалтица на бутчињата. Па нема манекен од сега да го правам!
Рестрикција прават на бебиња на АД. Нашиот матичен за бебиња што само цицаат не дава рестрикции. Инаку, моето качи 1490гр првиот месец, а вториот 1300гр. Само на доење. После 4тиот месец не качуваат толку веќе.
Дебељче е баш, носи гардероба 3-6,6-9. Денес пробав да оддалечам подој на 3часа и од 8мин. доење му кратев на 5-6мин. Не се бунеше нешто баш многу, си спиеше. Ќе видам утре баш, не ми се дава чај, иако она рече 10-15мч колку малку да оддалечиш подој ако бара мн на кратко.
4590, еве сега и ми стана навечер, цицан пред 4часа, му дадов цуцла одма презаспа. Претходно многу ми бљуцкаше, можеби сум го прејадувала, поима немам искрено
Мене он ми јадеше на 2.5 часа и цицаше по некои 8минути. Е сега имаше и ноќни подои кои искрено јас му ги наметнав за утеха кога имаше грчеви, а не ми бараше цицка туку си кенкаше од мака. Сакав да пробам да одалечам на 3-3.5 часа, да цица пократко пример околу 5 минути и да се обидам да скратам барем еден од два ноќни подои. Искрено не сакам да дадам чај на мало бебе со толку шеќер за да поместам пола саат плус, млекото не верувам нагло да се намали на толку мала промена во временско растојание, него како он ќе реагира ми е. Прашав блиски и они познаваат бебиња кои биле на рестрикции поради тежини, наводно за правилно растење на коските бидејќи со многу голема килажа би се направил притисок кој би направил проблем на развој на скелетен систем. Малку се осеќам виновно што му забранувам цицање, од друга страна доколку е за негово добро би форсирала за да навикне
За навечер правилно за таа возраст е да има размак 5 часа, го легнуваш у 8 му даваш околу 10 и 30 па во 3 и 30 и после сабајле накај 7. Инаку бебе ќе се навикне, сега и разбира па можеш да му одвлечеш внимание на друг начин. Чај со шеќери не е боља замена во секој случај. Не му ја крати должината на цицање зашто млекото си има фази како тече, за да ги земе хранливите состојки остави го да цица активно барем 10 минути. Можда грешам за последново, ама имај на ум.
Па добро твото е родено како што коментално има мојата. Давај си да цица, на 2.5 си е ок. Мојава заспа во 11 и еве уште спие, дури накај 7 станува да цица.
Поминав доста обуки за доење, во право си за фазите за течење на млеко(јаглехидрат,протеини и масти) ама он сам си ги скрати подоите на 8минути, цицаше на почетокот по 25 - 30 минути, сега има повеќе сила и почна на 8 и плука цицка и плаче ако го силувам повеќе. Е денес на 5 му кратев бидејќи гледам дека после 5та минута не цица веќе активно туку се лигави и млекото од околу тече, па кога го тргам го повраќа како да му стои во уста. Чајот немам намера да го давам пред три месеци, најдобро е да пробувам други опции доколку му одговара некоја од нив, ако не ќе си биде дебељче со надеж дека ќе почне да извишува па да се распореди таа килажа…
Он не ми цицаше навечер, последниов скок ми го измести сосема и сега бевме на ортопед пред три дена, го измерија 300 гр помалку, можеби ноќниот подој ми го изместил од граница, ќе пробам да го редуцирам пак, претходно ми рипаше ноќеска доење сосема, по 6-7 часа си спиеше…
@JuLleE @Bibi_23 @Rtulka фала жени на одвоеното време, ме интересираше дали некоја се соочила со ваков педијатриски совет, а бебе да е само на доење. Ќе пробам деновиве тоа што мислам, ако не бива ќе си го следам него, нека си јаде па ќе видам како ќе биде наредниот месец
Здраво мајки Имам прашање во врска со течна столица и пробиотик ако има уште некој со слично искуство. Бебушов мој секој ден кака, некогаш знае и 2-3 пати иако ретко. Проблемот, ако воопшто е проблем, е што му е многу течна столицата. Бојата е баш како што треба сенф односно златеста. Нема никакви симптоми на грчеви или болки, ниту имаше претходно. Од секогаш му е вака течна. Педијатарот вика бојата е битна. Не ми даде конкретно мислење за одреден пробиотик. Секоја трета какушка излегува од позади кај грбчето и лом прави све. И облека и постелнина и ќебенце се. Се скапав перејќи какушки Пробиотик му имам давано Рекол ама мислам секојпат кога му давам е полошо и прекинав. Инаку е 4++ и на ексклузивно доење. Пелени користиме Памперс актив 2, 6200 е мерен завчера. Тројка ќе му се огромни мислам. Дали мислите дека треба да давам пробиотик и ако да кој и дали можеби има друга мајка чие бебче е вака?
И моето си кака така користам Бејбитол неонате, 4400 е користиме двојка. Мислам дека треба да почнеш со тројка мислам дека му е мал памперсот ❤️
И уште нешто, дали ноќните подои ви се скоро секогаш во исто време? Кај нас, пошо запишувам кога цицал, нема некој строг ред. Легнува околу 20:00-20:30 прво станување околу 2:00-2:30 и после околу 5 кога веќе не презаспива. Но последниве 5 дена станува и околу 23:00 па во 1:00, па пак околу 3:30 и на крај 5:00-5:30. Некако многу зачести не знам зошто. И никако не презаспива сабајле во 5 А другиве станувања му нудам прво цуцла, ако не се смири го нишкам малку сма на крај пак со доење завршува. Ноќеска мислам се разбуди и упте еднаш па некако презаспа со цуцла. Може сум сонувала нз
pikachu бебе на доење не се става на "диета" бар како што знам од мене и од околина моја блиска со бебиња. Ај види уште едно мислење, кај друг педијатар. Да не ти се намали млекцето