Дали ги менувате често, моето ј извлекува многу брзо ми се чини на една недела треба да купувам нова. Сега земав после три недели ама гледам дрка веќе е за менување а недела и пол ја има
Мамички од кога почнуваат бебињата да гугаат? И кога почнуваат да следат звук? Во смисла да речеме со тропкалка кај што гледаат да му тропкам па без да ја види тропкалката,да му тропкам на другата страна и да се сврти?
Моето бебе за некој ден ќе полни 3 месеци и почна да гука и со тропалката тоа го прави што го напиша, почна и да држи предмети, ама само некои што се лесни.
Мајки дали бебињата ви спијат преку ден ? Три ипол месеци имаме и секој ден иста приказна секој саат се презаспиваме по 10 мин спие и толку и не наспан е кемкав цело време а јас ништо не можам по дома да си средам секој совет ми е добредојден
Спиеше. Сега веќе не. Односно само во раце па ако го држиш три часа ќе спие толку ако го спуштиш во кревет за 10 мин е буден. Вака е преку ден и се тешам што спие навечер од 12 до 5 без станување. Бебе 2м.
Спиеше, првите месеци. Сега, само додека цица, а цица по 40 мин и тоа голта го слушам, не си игра со градата. Некаде 3 ч.може му се собираат преку ден. Ама навечер 8часот е заспан, до сабајле до 6-7 со неколку будења за цицање.
Период е и мојата така правеше. Едно време и цел ден не спиеше, па почна да спие по саат, па по 10 -20 минути кога како. Совет што да ти кажам не знам период е ќе чекаш да се смени.
Се тешам сега дека не сум само јас неколку ве има ајде ќе чекам да му помине и ова … фала ви на одговорите женски @shz @LaDyDoLl @fana
Мајки, бебчето го дојам но сакам кога излегувам од дома за да завршам некоја работа да измолзам млеко за во меѓувреме да има ако посака. Земав рачна пумпа baby nova но ич не сум задоволна.. или не ја користам убаво или пумпата е катастрофа... едвај 40мл од двете гради успевам да измолзам и тоа со маки ... бебче напредува супер а само на доење е што значи имам млеко и кога престанува да цица кога го тргнувам од цице млекото само тече... дали е до мене илидо пумпата? Да ми препорачате добра пумпа?
До пумпата е и јас ја зедов ( се зезнав поради цената ефтина ми се виде околу 550 ден ама катастрофа е )и не ми врши работа по брзо рачно си се молзам по потреба некогаш