Пумпата е катастрофа ја зедов по препорака на аптекарката многу му се трошела. Јас со неа неможам ни 10 мл да измолзам. Пробај со друга пумпа или молзи се рачно.
Јас или незнам или не е во ред пумпата на чико рачната, ама од двете гради 30мл вадам, а бебе е на доење само и затоа не се молзам.
Си пробала со/без силиконското? Можда не ти одговара на градите. Јас додека пумпам стискам од сите страни на градата додека се испразни се, најмногу сум извадила 135мл.
Дечки едно прашање дали вашите бебиња викаат плачат и се смешкаат дур се во сон? Вчера ми се случи тоа па малку сум вознемирена кинкаше и плачеше во сон
Здраво. Бебушот има 3 недели, последниве 4-5 дена имам приметено многу му кркори мешето и почнува да напнува како за какање, се стега целото и почнува да плаче многу, го земам во раце и одма престанува.. не ми изгледа како да се грчеви, на памперсот гледам има сосема малку какано.. дали не може убаво да се олесни или можеби тоа се грчеви, дали треба капки? Жал ми е да го гледам како се мачи
Мајки сакам да земам подлога голема за под, ама сакам одделно да земам и од оние мостчиња горе со играчки што се,над глава што им доаѓаат. Е сега знам гледав некаде ама не можам да најдам. Дали има некоја видено?
Во сите продавници за бебешка опрема и играчки има baby gym. Loco croco, Enci menci, bebehome, babycenter, Андреј компани...
Електрична од Кикка Боо. Ја продавам, ја искориств два пати. Јас што немав млеко, успеав да извадам 30 до 50мл со неа. Ако си заинтересирана пиши ми.
Девојки, со каков топломер мерите тт на бебе? Имам 5 месечно бебе. Од брат му стално закачува нешто од градинка што му носи вируси, еве го сега темп. 37.7 има. Имам дигитален топломер на Geratherm, бесконтактен. Под мишка нема шанси. Над колку тт давате сируп на бебе? Матичната рече Далерон над 38 ама негде прочитав некој Ефаралган, но немам искуство. Фала однапред.
Со дигитален мерам, за поточно во газе. До 38.1-2 ми рекоа да не давам ништо. Еферглан чепчиња имам купено ама фала богу до сега не сум ги искористила. Ако имаш Далерон, тоа дај ако недајбоже крене мислам сите се исти. Само разлика има во сирупче и чепче, чепчето побрзо ја симнува.
Претходната недела имаше мака за какање малата. Давав пробиотик, ама од некни зедов и колиеф. Вчера и денес се искака преобилно. Дали да продолжам да давам? Вака е помирна од ко ќе се искака се смирува, инаку и во спиење се стегаше, будна нонстоп со плачење.