Сите скафандери се огромни. Сакам да кажам бројчето 6-9 кај Окаиди е помало од бројчето 6-9 кај Ваикики, Зара...
Дали скоковите се од термин илинод раѓање. Многу чудно првиот беше од термин, вториот ми почна порано неколку дена според симптомите и како се однесува дефинитивно е тоа
4ти скок. Wonder weeks вика уште 2 недели. Многу ми е мака да го гледам ваков. Жалче е. По цел ден е нервозен, само кенка, ништо не може да му се погоди. Ноќе не спие мирно. Во сон плаче, цело време нервозно прета во сон, дур не го земам не се смирува. Ќе се смири па ќе го спуштам, ете го пак истата минута одново и цела ноќ така. А кога нема фази и скокови бајче е.
Денес после 6 попладне е плачлива. Цело време плаче само во раце се смирува и тоа само кај мене, кај другите не седи. Рацеве ми капнаа. Не е многу расположена. Обично со мене нон стоп се смее и гуга. Сега го прави истото и наеднаш и текнува плаче.
Секој 2 ден , од Систина ми препорачаа така. За сува кожа имам ла рош го зедов за лицето ама ми се најде и за тело, а матичната ми даде и мостри еуцерин атодерм ставав и од нив, за две недели се оправи, сега повторно се вративме на уријаж и да не ја подречам кожичката пак е супер Мустела стелатопиа нити за синко нити за ќерче ми имала ефект.
Кога е тој фамозен 4ти скок Дали да си останам ваква неука зс скоковите или да си ја симнам wonder weeks
Офф па што да јадам веќе. Ај знам од зелка, краставица, грашок се јавуваат грчеви, но од ајвар мислев не.
Зошто? Мене и во Систина и патронажната ми рекоа се да јадам само да не претерувам со мешункасти,луто, чоколади. А со чоколадо претерувам . Со синко во Ремедика ме советуваа да внимавам и пак си имаше грчеви. Тоа е , мора да го пројдат сите. Крај на 2-ри месец се смирија, сега сум приметила кога ептен ќе се нацица навечер изгледа си го оптеретува мешето и се витка потоа .