Вредностите во авицена се за бебиња, во др лаборатории се за возрасни. Бебињата во просек имаат повисоки леукоцити од нас. Но мислам дека нема врска, секако ќе се покачат при реакцијата на вакцината. Хемоглобинот е исто добар за бебе, не е низок. До 9.5 се толерира. Дали консултиравте педијатар?
Се приклучувам и јас за 4-ти скок Дали некој од искуство знае дали кај поживи бебиња е поизразен или сепак правилото е дека нема правило?
Јас не знам како да го облекувам малиот, зашто сум премногу зимогрожљива. Скоро 2 месеца е. По дома е по долги шпихозни, тт е 22-23, без боди. За спиење му ставам плус повој пелена, оние што се до испод раменици, а рацете се слободни. За транспортер и количка е со боди без ракави одоздола, долги шпихозни и плишано ќебенце покриен. Денес така излеговме и одма ме скараа зашто неам ставено капче, а надвор дува. Треба капо да им ставаме?
Денес навистина беше малку поладно ама вечита дилема е облекувањето, капче од дуксер му ставив денес на моето па ја сокри пола фацка во него, облечи некое елече плус на вакво време освен она што си го имала на бебуш барем јас така правам еве нека се јават и другите мами да размениме искуства и мислења
Јас сум зиморлива и бебе ми е облечено со боди без ракави и долги шпихозни за дома. Кога спие е покриен со ќебе. Капа ОБАВЕЗНО кога дува ветер
Исто и јас го облекувам син ми, дома ми е 23, 24 степени, боди по кратки и блузичка и пантолончиња или шпикозни, кога спие со памучно ќебенце е покриен.
Дома ни е потопло па ја облекувам по боди по кратки,хеланки и чорапчиња. За надвор над тоа дуксерче,покриена со ќебе во корпата. Ако ја вадам од корпа тогаш облекувам јакна (ако е свежо) и капа ако дува. Ако сум јас надвор по кратки ракави тогаш нормално не и облекувам јакна само по дуксер
Облекувањето го решивме ама со лиценцето на бебчево што да правам.. има на веѓите и на челото малку како на сликата лушпи жолтички.. дали ќе помине само од себе или нешто да ми препорачате да му ставам? Месец и една недела е бебчето.
После капење со крпа истриј го. Моето имаше така на веѓите малце павловичева ставив после тоа и супер е сега.
Атопичен дерматит, пред бањање намачкај со нешто масно, јекодерм, бадемово уље и после бањање нежно со пеленка истриј ги...ние имавме ужас беа, јас чекав да паднат и после некоја мајка ја прочитав дека така ги отстранила и јас истото го применив
Waya пробиотик кај нас на таа возраст помогна. Какаше често по малце. Со капките каката стана обилна и со убава боја и структура.
Здраво мајки дали некоја се соочила со ова имам 4месечно бебенце воопшто не сака да иде кај други лугје ако некој го земе вришти ,што да правам полудев веке ве молам за совет