И син ми важно да е враце ич не му е битно кај кого е со сите гуга се смее …а сакам така малку да си плаче по мајка ама ништо да не се надевам
Година и 10м и помалото 11м, уште се иста приказна немаат гајле кај кого се и со кого се. Ретко да ме бараат или да не сакаат кај друг.
Ushte neshto, mozhno li e dur trae skok vo razvoj eden den da e full power nepodnoslivo drug den da e bajche?
Нема за тоа знаење, незнаење. Веднаш се познава, не може слободно да дише, бебињата знаат само на нос да дишат, потоа учат и со уста да дишат, не може да цица/пие млеко, хрчи, плачливо е. На моево едно минимално цуфче да има во нос, му смета, хрчи, веднаш чистам нос.
Дали е како да се перути, мене педијатар ми рече исто имавме и ние нешто слично по бањање да се стави млеко за тело што користите и со фротирка истријте, ние само еднаш направивме така и се исчисти.
Да да да. Во 4ти скок моментало, еден ден не поднослива, друг ден да ти е мерак да ја изедиш од што е мила и насмеана
Бебуш во 4ти скок (ваљда) ја немам програмата, ама за некој ден прави 4 мес. Стана многу успан, по цел ден зева го заспивам се буди за пола час. Па пак истото цело време е уморен, 10тина минути ќе си поиграме и пак станува нервозен за спиење. А не може да сврзе повеќе од пола саат. Како да му помогнам да спие повеќе се гледа дека е изморен и дека му треба повеќе сон а буквално детево не знае да спие.
На главата му е такво како што опиша, на челото веќе нема уште на веѓите му остана дури како жолтко-портокаловко е.. не знам дали да чепнам таму со нешто?
Кај нас помагаше спиење во раце. Ќе се пружев на кауч, спиеше во раце (раката потпрана на перница) и си глеав серии на тв. Месец дена вака сите денски дремки скоро. И во количка знаеше повеќе да спие.
Дали некои од вашите бебуши се родија со црвенила по лицето и дали се повлекуваат? Моето има како црвени флеки на очните капаци, носето и челото. Поминаа веќе 2 месеци ама не се повлекуваат. Некој слично искуство можеби да не има?