Моето имаше на едниот капак се повлече но кога плаче прво кај што беше црвенилото се јавува повторно. Ќе се повлечат ние сме 2,5 месеца сега скоро го снема.
И мојата има такви црвенила, исто царски родена. И на едниот очен капак. Ај тоа нормално е ама со каква вдлабнатина во главчето се роди во матката раката во тупаниче ја држела најверојатно, а и така е на ехо сликите. И уште се мести така со рачето особено на спиење.
И двајцата ми се родија со црвенило на тилот, на едното се повлече а на другото сеуште не, едното и на очињата капачињата имаше му се повлече 4++ сме, царски ги родив, онака и јас да си кажам
Бебе постојано цица, цел ден. Не можам ништо да завршам, ни до тоалет да одам, ни јадам, едвај вода што пијам. Среќа барем навечер колку толку спие. Напредува одлично, но бара да јаде постојано, после ика или повраќа. До кога и зошто вака се однесува? Преку ден дали 10 мин ќе поспие и толку.
мојата првите два месеци имаше многу грчеви, единствена утеха и беше цицањето и буквално цело време беше на цицка, а педијатарот ми викаше дека тоа уште повеќе и прави грчеви ама немаше шо да се прави се трескаше од земја, не можев нишо да правам и нигде да одам, ама искрено сега кога ќе ми текне ми изгледа како ептен убав период кој стварно премногу брзо поминува, ти препорачувам да уживаш до максимум
Да љубави. Премало ти е бебулето и цица за јадење, за жед, за утеха за буквално за се. Бљуцка вишок млеко, ништо страшно. Ќе помине
Последниве два три дена бебе се напрега да стане. Буквално крева стомачни, крена нозе, до 45 степени стигнува и се откажува со плачење. Неполни 3 месеци е... Зарем е возможно да покажува интерес за седење, некако не ми е верно. Има и некој друг пример сличен?
Да и мојата исто. Самошто наполни 2 месеци. А од претходно прави. Се чудам толку мало бебе а сака да стане, се напрега. Ако и подадеш прст се фаќа за него и уште повеќе напор дава
Значи бебе бара да јаде на секој 3 саати навечер. Претходно стануваше 2 пати максимум, откако е во скок е вака. Како да ги намалиме ноќните станувања? Дали да му давам помалку млекце навечер? Преку ден одбива да јаде ...
До 2м. моето беше така, сега е 2.5м. почна да има ред. Многу е пргаво и моето. Цело време прета и се труди да се исправи. Кога лежи на мене, а јас сум во полуседачка позиција ако не го држам ќе падне. Буквално отскокнува од мене.
Да Ели и моево исто. Демек ако го пуштам доле маратон ќе истрча. Ама мислам се пргават за ние да станеме или да ги носиме некаде. Бар во мој случај е така. Му е здосадена дневната и нон стоп прета и се врти накај вратата да го носам по други соби. И секогаш така се смирува.
И моето во раце се смирува, тоа стандард. Ама кичмава ми знае веќе. Само јас шетам низ соби со него. Него мн ми е смешен моментот, што демек, ќе стане ќе си замине?
@Eli23 и моево отприлика тој период исто почна (кога почна постабилно да ја држи главата) @Alexandrite мислам дека сеуште сте мали, првиот месец беше исто бебувче, цице за се, после 1-от месец педијатарот ме посоветува да си олеснам, зошто така ќе го научам и ќе нема назад, пример за заспивање да не му дозволувам да ме користи, кога го гледам дека не цица активно да му ставам цуцла лажливка. И така и ја научив да си заспива само и ја ставам цуцлата цуца максимум 3 пати и заспива Но некогаш пак си бара цице што е нормално А и премногу се малечки , бараат топлина. Инаку за трагите, синко се роди царски и имаше на тилот и на челото (малку погоре меѓу двете очи) , сестрата на педијатрија ми рече се викале народски штркови траги, педијатарот ми рече до година ќе се повлечат, но не се повлекоа синко е 5 год. и сеуште ги има и баш ме нервира, кога плаче му се вцрвува и тоа на челото ептен му доаѓа до израз. Сестрата во ремедика имаше и самата и баш ни рече нека не ве лажат не се повлекуваат можат само малку да избледат …. Така да на синко баш му се познаваат а ќерче нема
Мојата пак има проблем со какањето. Прво давав диастоп мислев од него не можеше да кака, па сменив во неонат, од почеток се регулира и еве сега пак два дена се нема искакано. Почнав пред неколку дена колиеф капки, два дена имаше обилна столица и толку. Муабетот ми е дали да земам пак друг пробиотик, пример waya? Во глобала гледам сите иста култура се, не знам дали има поента. Знам дека на доење е нормално и да немаат по неколку дена, ама баш се мачи моево, се стега и плаче многу, а не помагаат веќе ни масажи на меше, ни држење на нозете.
Многу е смешен моментот. И јас му го зборам истото нему. Иначе исто. И раце и кичма и стапала ме болат последно. Ако се наведнам ми требаат 10 мин да се исправам. И со ќерка ми исто ми беше првата година. Кичмата ме кине како последица од спиналната најмногу.