Дали кај некое од вашите бебиња се јавило cross eye од раѓање и кога се среди? Мојава уште кога се роди како да ги шета очињата, вака право ме гледа се супер ама приметувам кога фокусира тогаш како да и шетаат и не секогаш. Прашав јас уште одма докторите ми рекоа дека е доста често ќе се среди ама пак ми стои како јанза 35 дена сме иначе. и по нет читам се средува до 4-6 месеци ама пак да слушнам и од вас
Леле и моево исто. Јас па дека кај мене мм е со диоптрија и стрбизам исто и ќерка ми викам и ова ќе биде, не се погоди ни едно на мене во очиве Ма да на педијатар и мене ми рекоа дека ќе се среди кога ќе се зацврстат мускулите околу очите. Со првото немав ваква ситуација па испадна да носи очила, така да нема правило изгледа
И моето исто,прашав и јас педијатар ми рекоа до 1 година се средува,да се зацврстат мускулите, тек после 1 год се гледа ако има проблем,дотогаш е нормално
@eli25 за што беше кремата од Ла Рош што ја имате? Се нафрла со ситни на образи мојата, се плашам да не е ко кај синчето дерматитот, така почна и кај него.
Здраво. Не знам дали е за тука прашањево, дали после 30 дена од отварањето на Аптамилот 1 повеќе не чини? Имам цела кутија само два дена користев додека ми дојде млеко и сега стои цела а жал ми е да ја фрлам.. ако има некоја мајка на која што би и се нашол нека ми пише ќе и го дадам, има уште една недела рок..
И јас прашував исто пред некое време па еве ние за кое се одлучивме. Многу квалитетно и удобно, бебуш ужива дур се вози. Од 0+ е ако ви е тоа важно. Топло препорачувам. https://www.encimenci.com.mk/sedishte-verso-0-36kg-isosafe-ember-joie-c1721caemb000
Ако бебето ти е 6м барај 0+ седиште, а не од 9кг. Тие обично не се вртат на назад, а бебе се вози свртено на назад се додека не прооди стабилно.