И јас бев во иста дилема , прашав во црква ми кажаа и денот кога е родена дека се брои, јас така рачунав
Девојки бебето ми има 2 месеци. Претходниве два дена само си ги скрати ноќните подои. Претходно се будеше на 2,3 или 4 часа за цицање. А овие два дена сврзуваше и 5,6 часа. Што ми е чудно за едно бебе неспијач. Дали е нормална ваква промена.
Мхм, растат. Исто и мојата. И дневните подои многу и се попредвидливи и пелените од околу 4 пати дневно ги намали на 2. Расте и желудничето со нив.
Исто и кај мене е. Навечер на саат ипол се будеше ко швајцарец, сега ги тера 5-6 саати, само имаме мака додека да заспие. Пред 2-2.30 абер нема да спие знае и 5 сабајле да не фати
Пред неколку дена скроз истото го пишав, и кај нас е така. Ваљда нормално е, сами си го менуваат распоредот, а и ние наспани со нив.
Јас џабе се пофалив. Еве сега по старо пак никако да заспие. До сега нишав пеев јас. Сега маж ми е на ред. Ама она уште долго нема да заспие како што гледам расположена е си гуга си се смее абер нема за спиење Само моево бебе никако да се научи да заспива одма.
@Erika.greeneyes @V.N. И ние бевме еден период така со нишење и песни на смени со сопругот, спиење само в раце, пробани сите можни начини на заспивање, па дишење на уво, па не знам шо... За да една ноќ преморени од нишење ја оставиме сама да лежи во смисол шо знае нека прае, да ни одморат рацете пуштив еден шум од телефонот онака очајна и во две минути беше заспиена. Сега веќе само ја оставаме со цуцла во уста и до нејзе и го пуштам шумот ама салам гласно (тивко нема ефект) и во рок од две минути е заспана, но мора цуцлата ние да и ја извадеме веднаш штом заспие оти ако ја плукни сама се штрека и се буди хаха Белки и вие ќе го изнајдете вашиот начин на полесно заспивање, но еве пробајте вака со силно пуштен шум да шушти на уво. Да напоменам дека претходно ги испробав сите звуци во апликацијата и не реагираше на никој, освен на овој само шо и помага да заспие, а менувајќи ги звуците случајно го погодив кога видов дека очината почнаа да и паѓат.
Здраво мајки, бебето за два дена ми се смена скрос. Нервозна е поручек и едвај ја заспивам. Ај тоа не е проблем, вчера излеговме на саат и пол со мм и седеше со баба и (не е првпат), плачела цело време, едвај ја смирувала и пак одново. Дојдовме дома, ја смирив некако 10 минути и пак почна уште некое време силно да плаче, никако не се смируваше. Вечерва станувањата и беа исто со плачки, а обично се смее. Мислам дека е во втор скок, имаме 8 недели, според термин 9 недели. Ваков е вториот скок? Искуства, ум некоја да даде? Страв ме фаќа многу, никогаш не се случило толку да не можам да ја смирам ни јас ни баба (баш баба успеваше да ја смири кога јас не можев)
И ние исто заспиваме , во креветче , цуцла и шум на појако кога ќе ја плукне цуцлата значи се предала
Ооо што убаво така ама ни звук есапи ни цуцла сака ( кога ќе и ја ставам во уста ми ја плука и ми прави фаци ко да ќе поврати) @see.emily.play Инаку според тоа апликацијата и моево е 2 скок т.е.9 недели и кај мене е исто со плачки. Дури се чудам и си викам детево ни кај мајка да не сака да се смири. Спие 10-15 мин и собира сила за следни 3 саати Ама гледам тука никој не го спомнува како трауматичен. Едвај чекам да помине да видам дали е до тоа или до забите зошто веќе кондиционо неможам да го издржам
И мојава нејќеше, пробавме првин на нук ги плукаше, па и порачав од бибс оној try me пакетот со четири различни цуцли внатре и ја засака од прва обичната латексна, другите не стасавме ни да ги проба.
Рано...прерано и јас не верував кога ми кажа педијатарот уште на контрола за првиот месец дека се набабрени непцата. Ама жива вода е, лиги на сите страни, само балончиња ми прави со лигите а нешто ме држи памет од првото дека тоа е исто знак за заби. Рачињата само ги мота околу уста уште незнае од прва да ги бутне за да ги цица
Мајки бебуш одбива млеко, го плука. Претходно пиеше 120-150мл зависи кога како на 3-4 саати сега не пие ни 90. Еве веќе некое време е ваков. Ноќе да му дадеш ги пие за 2 секунди, дење никако. Многу време поминува без млекце вчера дури почна да се тресе му падна шеќерот од памет се извадив. Кажувајте чаре што да му правам.. Имате ли вакво искуство?
Во скок да не е? Пробај да даваш кога е успан, во затемнета и тивка просторија. Така правеше моето кога е во скок.
Да 4тиот. Сега спиеше пробав да му дадам во спиење и го исплука. И спие како зајче по пола саат и цел ден е успан. Се надевам дека е нормално и ќе пројде зошто полудев више.
Ќе се врати во нормала за некој ден. Мојата имаше денови ни пола не пиеше од тоа што пиела претходно.