И ние сме во вториот скок според термин, спиеме ко зајак 10 мин. Се буди и почнува да кенка, заспивање во раце кога сака кога не, ама барем навечер иако еден саат се мачи да заспие, не плаче само се врти и пробува сам да се успие со некое звукче што го пушта
И ние сме во втор скок вчера си спиеше од 7:30 до кај еден па јадење, ама сабајле беше драмата нејќе цице. Јас увредена нејќе да јаде и готово. Се вознемирив многу, се измолзев нејќе пак! Ух мн се вознемирив и после некое време повлече и се најаде ќе видиме како ќе биде.
Ista e i mojava po 120 si piese i sega gi pie navecer a preku den se tegavime edvaj 60-70 ml.Ama 4-ti skok mislam deka napagja pa zatoa
И моево убаво си пиеше по 120мл, сеа едвај 60 со сила му давам. Ни цицка ни шише да види. А почна да праи меурчиња, исто.
Добро е не сум единствена со бебиња што бојкотираат јадење. Абре све е на молење тегнење. Почнав да шетам низ соба и да пробувам да им давам и шише и цице. До сеа само кога се успани понекогаш успева да им се подметне. Се надевам нема да е цел месец вака.
И јас пак со моите стравови. Бебушка сака да цица ама отпосле повраќа. Навечер не толку, но денски почесто цица и по секој подој ем ждрига ем бљуцнува по два три пати. Е сега, почесто е само млекцето вишок, онака проѕирно, но еднаш два пати дневно се случува и сварено млекце ко урда да бљуцне. Ја држам и испраена и се, ама знае и да поспие и по два саати пак да бљуцне и одма пак бара да цица. Се плашам од рефлукс, дали некоја мајка се има соочено со истото, како да напраам разлика дека не е рефлукс? Страв ми е да не напредува добро, дали да одиме пак на педијатар? 7 недели сме и во последниве 2 ипол недели има качено околу 450 грама. Ок е или малце?
Исти сме ние, веќе ми се смачи се да е повратено околу нас плус и сите лигавчиња во еден ден ги валкаме. Мојот е 11 недели, кога почна многу да ми повраќа пиеше 90мл а требаше 120мл според возраста, повраќаше сигурно 30-40мл веднаш после ждригањето и напредуваше феноменално. Еве конечно неколку дена пие 120мл од кои исто 30-40мл повраќа. Секако сум пробала и упорно ми повраќа многу. Спие на подисправено од тие перниците за рефлукс и каде и да го легнувам гледам да е подисправен… џ а б е А рефлукс мислам дека е кога повраќа млазови како на подалеку.. не знам да објаснам, мојов ваљда го повраќа вишокот си повраќа настрана директно во вратчето ете не знам кога ќе заврши ама се надевам за брзо бидеќи не се издржува буквално се ни е повратено.. Едит: одлично ти напредува сега забележав си пишала 450гр за две недели, мојот 390гр имаше качено за неполни две недели и ми рекоа одлично е.
Мајки има некоја со бебе со продолжена жолтица? Да се консултирам за будењето. Почна ноќе да си поврзува 5-6 часа, а денски цица кога сака. На месец имаше 1500 гр ставено, сега на месец и пол 630 грама плус. Докторката ме советува да ја будам и ноќе на 2-3 саати заради жолтицата. Не знам дали да ја будам, првото исто до 3 месеци имаше жолтица, од втор месец сам си укина ноќни подои, исто напредуваше и тогаш ме советуваа да не го будам ноќе. Од 2 месеци до сега никогаш не се будел, по цела ноќ си поврзуваше. Можно е да се навикни па сама да станува и понатаму? Инаку не е поспана, денски малце спие, вчера скоро цел ден седеше, почна да гуга по малце, се смее, нормален е развојот за месец и пол бебе.
@Bebetoo Леле исто значи не можам на лигушки да навасам, вчера и гнездо и ќебенцето шо е на земја и тетри и лигушки и алишта, се на перење. Онака млаз надалеку се случи пред десетина дена два пати само, си велам ако е рефлукс цело време ќе повраќа така? На рамно спие и во сон не повраќа навечер, денски претежно дур си лежи или ни е в раце. Ние само на доење сме и не можам да знам по колку пие, ама претежно лакома е, една града и е малце, двете и се многу, ама ентузијастички си ги цица до последна капка, ој па погоди. @kristina.k Еве ние и без жолтица сме така. Вториов месец до 600 да качи ќе бидам среќна.
После првиот месец ми рекоа да не ја будам. Исто беше со жолтица, која дури после 2 от месец се изгуби сега можам да кажам дека е изгубена скроз. Но според билирубините беше ок и според напредокот, така да после 1 месец престанав да ја будам. Ова ме советуваше и педијатарот од систина и матичната па лесно беше да се одлучам
Уф што среќа имаш и навечер што не повраќа, јас пред некој ден 5 пати го пресоблеков, само што ќе го облечев дека настрана спие жива вода се правеше, само среќа голем спанко е па си продолжуваше со спиење инаку ќе збудалев. Не знам нема начин и педијатар прашав вика само подисправен да го оставам да не се засркни, штом напредува вишокот го повраќа..
@TheGoldenPeach мојава за 15 дена има 630 грама, надоместува денски за ноќе што не се буди. Ако цица добро преку ден, не е проблем да спие ноќта, мене ми рече докторката за побрзо да се исфрла жолтицата, а напредокот бил добар. Фала @eli25 и мене за првото исто ко тебе ме советуваа, ќе правам и сега така.
Тоа е екстра, кај нас слабо некако, сега друга вага дома ми покажа само +390 за два ипол месеци, ќе се скренам. Ќе закажеме на педијатар контролен преглед. Дали е можно да и е малце млекото од мене? Не плаче, весела е, гука, вика, се радува, спие добро, еве и повраќа. Како да знам дали и е малку само доењево? Друга работа, ако сменам 9 пелени дневно, сите 9 се полни со течна кака. Така е од старт до ден денес. Дали може тоа да влијае на напредокот во смисла премногу кака - малце напредува или лупам глупости? Или пак тоа е показател дека е добро нахранета?
Се е пробано за заспивање и џабе, тешко се предава Цуцла лажливка ни помага да ама не секогаш ја сака и ако и ја даваш уште толку се лути Многу пати и јас така веќе преморена ја ставам на кревет у смисла не можсм веќе што сакаш прави и оп ги затвара очите ретко ама се дешава. Таа е со мене поврзана и за спиење еве и кај мсж ми не седи вчера тој зеде да јс ниша џабе плаче и ајде пак кај мене а рацеве ме болат 5кг е. Шумови пробавме нема ефект. Кој шум е твојот фамозен да го испробаме и ние Иначе за забите и мене Марина на последниот преглед ми рече дека почнал процесот и реков зарем не е рано. Рече не е за 2,3 месеци ќе и излезат. Затоа многу се лигави и исто рацете нон стоп во уста. Некогаш е смешна истовремено пробува и рацете во уста да ги стави а цуцлата веќе во уста и е