И ние сме со каката исто, јас немам видено чиста само мочкана пелена. Докторката ми рече нормално е тоа било ради незнам кој хормон што го лачиме во млекото делувало така на мускулите на цревото Не спомна ништо за напредокот ама и ние сме на долна граница во тежина али затоа во висина машала тенки а високи сме
@TheGoldenPeach јас знам дека и да какаат на секој подој е нормално и да нема неколку дена. Првото беше исто ко твоето, на секој подој полна пелена, а ова едвај на неколку дена. За килажата не верувам да е од тоа, ако не му е доволно млекото нема што да кака. На иста вага мерењето најдобро ќе покаже напредок и ќе ти даде совет педијатарот.
Првиот месец си беше исто со какањето па качи кило и нешто. Ја контактирав сега да ја прашам за дали да појдеме на контролен преглед и ми врати дека е добар напредокот и да не го прекинувам пробиотикот. Ваљда периодично ставаат повеќе/помалку на килажа и секое бебе е различно само по себе ама нели нам мисли не тепат. Ќе тераме исто па ќе видеме како ќе биде.
Жени осетив дека бебуш е со затнат нос и у паника му испрскав млеко мајчино сум слушнала од баби и океј е сега да не направив грешка?
Ова дефинитивно не е добар совет и стварно треба да игнорирате мудрости од постари. Си има соодветни спрејчиња за бебиња што ќе му помогнат.
Прво, зошто паника за затнат нос? Чувајте си ги нервите и паниките за нешто скраја да е посериозно, затнат нос не е за паничење. Второ, има еден куп спрејчиња за носе - аква марис користам јас, помага на моето бебе
Исто сме и ние, не јаде од 4, 4:30 до 9:30 а јас само го нудам и се чудам што е....ова веќе неколку дена се повторува како дежаву.
Леле луѓе ве читам не јадат бебиња во 4ти скок. И ние сме тука, мојата не може да се до најади 150мл ги цуца до капка и кога го извадам шише од уста плаче бре како да и е малку. Не знам веќе што е нормално што не.
И тоа е нормално. Првото дете во 4ти се збуцка ептен, постојано сакаше да јаде, постојано беше гладен. Второто пак не сакаше никако, освен кога беше заспана или ако немаше нешто да и одвлекува внимание. Можат да идат во двете крајности, или да не сакаат да јадат или да бидат ненаситни.
Овој совет ми го даде нашиот педијатар ( во Германија) , мојата беше исто затната. Меѓутоа јас веќе не ја дојам , ставав само спреј.
Исто и кај бебка е, сега е само црвено. @kristina.k и мојава сврзува околу 6 часа и не ја будам. Сама си го прави редот, а јас со трауми од првото што не спиеше, немам намера да и рушам ред, особено што ноќе спие. Заспива зависи кога како, ама докај полноќ најкасно. Денес ми е раскенка нешто, не знам скок да не е.
Јас го чистев на секое менување пелена , така ми кажаа за да не заборавам па да се мислам дали сум го исчистила
Мајки малата ми е еден месец денеска цел ден нема спиено ке заспие и за 10минути се буди и се уште е будна само кенка и бара да цица а на града ми заспива таман ке ја исправам се буди и пак исто бара да цица. Што би можело да е? Рано е за скок
Дали бебињата ви испуштаат звуци како воз,локомотива? И што е со ова претање во спиење. Таман мислам ќе стане таа не ги отвара очите и пак продолжува да прета. И ај оди спиј ти