Синоќа бебушка во два наврати искака ко зелени мрсули. Значи немаше друга столица ко вообичаено, само неколку мрсулчиња на памперсот. А деновиве и во носето имаше секрет па со физиолошки чистевме. Исто нели вчера пишував дека почесто бљуцка и имам страв дека слабо напредува во тежина. Дали се ова се всушност симптоми на поминат вирус или нешто друго би можело да се случува како на пример интолеранција на лактоза? Некој со слично искуство? Вчера ја контактирав педијатарката за бљуцкањето, дали денес да досадувам пак и за зелените мрсулчиња во столицата, викенд фати па дали да трчам по дежурни лекари?
4 скок... одбива млеко, со плачки се храниме, едвај го пие, веќе една недела. Навечер е се нормално. Пробавме во затемнета просторија, со цртан, со шетање, веќе трауми имам кога ќе му дојде време за јадење . За колку време поминува ова, неподносливо е веќе.?
@TheGoldenPeach не знам колкаво е бебето, ама често се случува да имаат слуз во измет, едно што се чистат, друго ете кај вас имало веќе шлајм и тоа што не сте успеале да го извадите, мора да излезе преку измет. Исто и ако поврати слуз е нормално, подобро да се исчисти отколку да остане па да направи опструкции. @augustd сте пробале со песнички? Мојов почнува да цица ама секој шум го интересира, па тивко со тел во раце кај мене му пуштам омилени песнички и така се смирува.
Алкохолот е течност, течноста го влажни, и тоа го забавува сушењето и паѓањето. Се користи само за дезонфекција после бањање затоа што се намокрило со вода. После пребришување со алкохол, треба добро да се истапка со стерилна газа за да не остане влажноста во папочето
Доиш или АД? Каква интолеранција на лактоза кај волку мало бебе. Нормално е за каката. Инаку синко е нетолерантен на лактоза, и мака од мајчино млеко немаше, потоа доби реакција и тоа од кравјо млеко.
Меѓу другото е течност која брзо испарува Како и да е , јас го споделив моето искуство, односно насоките кои ми беа дадени во болница, исто добив совет да ја бањам секој втор ден , искрено јас не би чистела папоче еднаш на два дена
Дојам, бебуш е 7 недели, а на такво инфо наидов по нетов. Lactose intolerance или dairy intolerance, различно било, а симптоми слични. И ко ќе прочиташ симптоми ќе се пронајдеш во нешто секако. А малава бљуцка често, килажа додава овие две недели на долна граница и еве сега ова со зелениве мрсулчина од ум ме извади. Фактички таа не беше какана, туку имаше исфрлено само парченца зелени ко мрсули, не знам како да ги опишам поинаку.
Кај мене е испитана веднаш после раѓање, таков е пакетот со вклучено тоа испитување во ремедика и испадна комплетно интолерантна на лактоза и и давам капки Колиев прев 7х6 пред доење, а искрено незнам што мака би имала ако не и ги давам капките Што проблем се јави кај синко твој т.е симптоми
Мајка, во мајчиното млеко има лактоза, но и лактаза. И да е интолерантно, ако самп доош не може да им проблем
Баш затоа се исплашив оти чичко гугл вели може да имало недостаток на лактаза. Уф дефинитивно ќе престанам да читам.
Првото дете имаше крв во столица до 6 месеци, повеќе педијатри ми кажаа дека е од интолеранција на лактоза и не требаше да јадам млечни производи. Ко почнавме со исхрана на 6 месеци престана, ама и јас пазев уште. За зелено низ кака сега прашав доктор, имаше 2-3 дена мојата и ми рече нормално е. Се што ќе прашаш за доено бебе е нормално. Сега имам многу млеко и барам начин како да го намалам, а да не прекине, мислам сите проблеми со мешето и се од преголем млаз. Никако не се средува лактацијата кај мене.
Дали некоја мајка има искуство со Arching Back т.е (4месеци е ) кога и да ја земам за да јаде се превиткува наназад , се прекршува . Штом ја навалам во позиција да ја гушнам , и да не и давам тогаш да јаде, го прави тоа. Кога ќе дојде ред за јадење плаче се тегне а потоа додека се смири ке си го испие цело млеко , значи гладна е а сепак се тегне. Ја кревам да ждригне неколку пати, имам пробано во количка да јаде еден период ми успеваше тоа. Во друга позиција не сака ни да слушне исто се тегне. Не е ни до проток , ни до шише. Еве вчера два пати ја возевме во кола оти немав сила да се тегнеме , се најаде без проблем. Додека ја однесам на педијатар сакав да слушнам дали некој има искуство или сепак е карактер и ке морам да се помирам. А ептен ми е жал да не се повреди на секое јадење го прави тоа. И јаде исклучиво кога иде ред за спиење, така и веќе и се поклопија хранењето и спиењето. Не знам дали е поврзано со вакцината Менингококи Б , затоа што мислам пред да ја прими немавме проблем јадеше без тегнење.
Да не ве лажам незнам , не прашав тогаш само ми кажаа дека во пакетот ми е тоа и цистична фиброза, и резултати добив кога отидов на прва контрола после два дена. Да се ослободам и ќе проверам низ документите дали пише @Bebuli