Или па може испитале ама пошто е ок не те известиле. Кај кловер морало да и кажат за резултатот. Еве пример јас појма немав дека тсх скрининг им се правело во родилиште. За првото и направиле ама јас појма немав, никој ништо не ми спомна. За второто дознав случајно дека обавезно прават на сите бебиња.
Јас синко го носам и овде и во Мк на гастро па никој не препорача превентивно пробиотик освен кога има тегоби. И кај др. Соња бевме и кај др. Ацо и овде. Првата реакција ја имаше од оние млечни каши на Хип. Потоа цицаше до 2 години и не јадеше многу, па фати рота на 2 години и од тогаш се поремети се. Кога пиеше млеко каката му беше бела, скроз. И чести столици по секој оброк. Он има ген и за целијакија. Сега е добар. Јаде и сирење и кашкавал, единствено пие млеко без лактоза. Инаку синко немаше грчеви. Еве и ќерка ми нема грчеви, јас сум со целијакија, интолеранција на лактоза, па нејзе никој не и препорача испитувања ниту пробиотик превентивно.
И ќере е со чести столици може и тоа е, а докторката ми вика ради хормонот што сме го лачеле во млекото па влијаел на мускулот на цревото. И јас и маж ми не поднесуваме млеко со лактоза имаме тегоби после тоа ама не сме испитани сма сигурно е тоа, па затоа ваљда комплетна интолеранција ми пише ген од двајца родители. а капките што и ги давам се активен ензим за да го вари млекото. Слика во прилог од испитувањето од крв се испитувало. @Bebuli @TheGoldenPeach
На синко му проверија на Имунологија на Клиника и кај него е со ген од двајцата родители, 100 посто нетолерантрн е. За честите столици кај доени деца е скроз нормално, синко е 9 години и се уште кака после секој оброк. На бебе не знам колку може да се открие до кој степен е, а и не знам дали и мајчиното создава тегоби. Кај синко испитувањата се како поголем, како бебе не. Најубаво е да се консултираш со доктор од Гастро.
Jas i davav na pocetok Coliprev i prekinav posto milion raboti i davav, ama pak ima zelena stolica i sega pametot na 300 strani. Pedijatar vika ok e ama kako na pocetok ubava boja imase, nz vise.
Понеделник сме на педијатар па ќе се консултирам баш со Др. А го доиш, водиш некоја диета со исхраната или на ад без лактоза сте? Денес мојава после подој држајќи ја испраено да ждригне поврати куп бели мрсули, а каката сега и е жолта ама пак има по малце зелен слуз ко кончиња низ неа. Се си мислам детево некој вирус да не го има фатено? Инаку си е весела, расположена ама многу пргава, постојано прета, стенчи, не знае мирна да лежи.
Дали на бебињата им поминува ако се исплашат од нешто? Пред неколку дена беше кај баба и, заспана и беше во раце. Дури спиела мм отворил во висачите и паднала кутија со монети на масичката со стакло и многу силно треснала. Бебе се разбудила со вриштење в раце кај баба. Сега баба кога и да ја земе во раце таа плаче хистерично... Дали ќе и помине уплавот? 2 месеци сме. Иначе до оваа случка таа си седеше со баба, баба ја капеше, дури и успеваше да ја смири кога јас не можев...а сега ова. Многу ми е криво, никој не е виновен во ситуацијава, едноставно некогаш вакви работи се случуваат како за беља.
Сега кога бев на педијатар ми кажа дека е скроз нормална зелена столица и дека се чистат. И затнат нос е нормално, и кивање и секрет. Се чистеле. Постарите ќе ти кажат дека бебе е настинато, ама еве докторите друго. Сепак јас би слушала доктор.
Да, ако е во ред не кажуваат. Првото ми ставаше многу килажа и во диспанзер ме прашаа како беше тсх, јас тогаш научив дека на сите новороденчиња од стапалце им земале крв по раѓање за да испитаат. Сега за ова гледам од Плодност испитано електролитен статус и неколку пати ехо на мозоче, за еднаш знаев, ама за другите испитувања научив сметка ко добивме. А тоа што е во пакет ако е во ред не известуваат.
Ја доам и пред подок коли прев и давам така докторката ми кажа. Иначе млеко и онака не пиам и јас не го можам, а јогурт пиам ама и не ме советуваше докторката да се пазам и онака млекото има лактоза па со ензимов се вари.
Немој да ме сфатиш погрешно. Никој не може подобро да го смири бебето од мајката! Дали си се потрудила доволно или ти рекла дај ми ја мене? Мене така на почетокот ми правеа јас неискусна прв пат мајка ќерка ми плаче ли плаче тие ми велат ние ќе ја смириме се осеќав ко немајка. Кога и да сакав јас да ја смирам ми велеа ако ти ја дадам ќе ти плаче. Се додека еден ден не ми пукна филм кога бебево замалуваше од плачење од грчеви а свекрва ми упорна во неа ја држи и велам дај ми ја, па ќе ти плаче ми вели. И викам ако. Самошто ја зедов со образот мој на нејзиниот одма се смири и заспа. За џабе не рекле една е мајка. Од тогаш си ветив дека нема да дозволам више друг да ја смирува. Од тогаш само со мене се смирува и само мене ме бара, таа и претходно мене ме барала кога плачела а јас дозволив бадијала да плаче.
Оди спи, ништо не и е. Ако и е време дај да јаде, смени пелена и ич не анализирај. Точно така. Ако сакаат старите да помогнат нека зачистат, нека направат ручек. А не да ги тормозат бебињата и да им го кратат драгоценото време на мајката со бебето.
Или свекрва која упорно кога ика бебе прашува да не и мокра пелената. Или можда ја сум глупа што не можам да најдам врска со икање и пелена.
Поминува. Јас така ја штрекнав еднаш со креветчето, да го спуштам ми клапна баш страната кај главата… така жално плачеше мислев дека нема да сака да легне во него. Маж беше излезен, немаше кој да паничи ја смирив и после 5 минути заборави.
Не, не, погрешно ме сфати, воопшто не е таква жената, напротив. Јас ја викнав неколку пати на почетокот кога не можев да ја смирам подолго време, и успеваше да ја смири стварно. Со тек на време и јас научив и сега немам проблем, ама и од неа научив "техники" што сега ги користам. Прашањето ми беше друго, дали на бебето ќе му помине уплавот и дали можам нешто да направам околу тоа.
Девојки што мислите за носење 3 месечно бебе на свадба? Од аспект на јачината на музиката..дали е дозволено? Ептен ни се блиски, а нема шанси да ја оставам дома бидејќи плачлива е и се плашат да ми ја чуваат без мое присуство.
Мислам дека е прегласно. Има едни антифони на банз како слушалки, ако е само музиката проблем, разгледај ја таа опција. И да замолите да сте на маса на страна кај што не е многу гласно да отиде на 1ч и после дома. Многу ми е мало 3м за на свадба мене.