Забрането не е. Ќе имаш секакви коментари за ова. Предвиди си ја свадбата како би се одвивала. Доиш, АД? Седи ли во количка? Ќе треба ли да шета низ раце? Ако заспие, дали ќе спие или ќе се буди? Види си дали ти е лезет одењето. Јас бев со 4 месечно бебче, ама само на матичното и на првото танго. После го заспав и си спиеше со татко му во соба, јас бев на свадбата/веселбата.
И на син ми му се појавија вакви на веѓи и на чело и плус ситни црвени точки на образите и вратот. Може да ми кажете со кои креми да го мачкам? Исто е месец и една недела.
Мене педијатар ми рече оваа да ја купам и неколку дена му ја ставам, има подобрување сабајле еднаш и еднаш вечерта од кога ќе заспие му ставам.
Леле ќе се мрднам јас дефинитивно... во овие две недели два пати ми се случува додека спие бебчето дали од лигички или од млекце како да почнува да се дави, мрда силно со раце и нозе и плаче на цел глас... ќе полудам многу мака ми е така да го гледам, минатата недела кога се случи тоа го однесив на педијатар, рече супер е, чист, нема ништо на гради, не е настинат и еве сега пак се случи така
Дали бебињата ви поткашлуваат додека спијат? Се случува 2 3 пати навечер да се накашла во спиење, не секогаш. Откако залади времево се случува, си мислам да не му се слеваат мрсчучиња па да се закашлува.А пред некој ден гледав едно видео дека тоа било "red flag" кај бебе. Има ли место за паника? Може ли да биде нешто опасно?
Ја се ежам од цуцли. Никаков бенефит нема, само проблем може да напраи. @JuLleE пошто ти е таква ситуацијата, ти пробај учи го ако не си пробала. Ти земи го во поза како за цицање и дај шише. Остави на мајка ти твој џемпер/блуза да носи дур му дава шише да го осеќа твојот мирис. Или само нека ја стутка и нека му ја стави во рачиња. Или пробајте со лажичка. Поспоро е, ама многу бебиња полесно прифаќаат лажичка од шише. Мислам те имам прочитано за еден оброк се работи, можете така да пробате. Цуцла верувај ич не ти треба, уште поубаво штом не сака. На 3 месеци колку ви стојат будни измеѓу дремките? И колку време би требало да се будни пред заспивање ноќе?
Мајки, Лакта микс од алкалоид дали е во гранули како хип, и дали може со ладна вода? Хип ми е при крај, па дали да пробам со овој (ценовно повеќе се исплати)
Еве го лакта микс , не може со ладна вода Можеш да пробаш и со тој од билна аптека што е за доилки чајот, ако веќе вариш чај , мене ми го препорачаа како подобар од лакта микс , плус има ким па помагал и за мешето на бебето околу 600ден доаѓа ама за неколку месеци имаш
Моите се саат и пол два максимум будни меѓу дремки а пред спиење зависи најчесто до 2 саати ама ако ја закаснат последната дремка па закасниме со бањање и јадење може и поише да фати. И точно кога наполнија 3 месеци го фативме редот претходно беше хаос или цел ден спијат или цел ден не спијат. И не знам дали ја сум крива зашто не пратев прозорци на будност или ради скокови грчеви немаше ред.
Многу е мало, ние на 3 месеци ја носевме на крштевка во отворен ресторан каде немаше гласна музика и бебе пак беше трауматизирано, не можеше да се успие и многу плачеше. Премногу дразби се тоа за нив. Да не зборам од аспект и за тебе, од присутни таму минимум 5 ќе се најдат памет да ти солат за било што поврзано со бебе, а некои верувам ќе сакаат и да ја држат, па како штафета ќе биде.
Ми текна на шприцот од Ибопрофен што е, не е баш шприц де, мислам ти текнува каков е. Со тоа ќе пробаме. Да, се работи за еден оброк, и тоа само овој семестер ќе е, некои два месеца, после и ќе јаде па ќе биде полесно. За будност, веќе преку ден е повеќе будна отколку што спие. Ретко преку ден да сврзе неколку часа сон, а вечерта пред заспивање е едно 2 часа секако будна. Синоќа заспа во 22 часот и се разбуди накај 4 мислам за цицање, и во 9 сабајле. Спиеше докај 10 и нешто. Редот сама си го прави. Дента дремнува и си седи будна околу 2 часа. Туку кај гледате скокови, часови на будност? Најдов една апликација ама се плаќа. Ја плаќате ли?