Може не е за тука прашањето, но јас си имам проблем кој трае одамна. Дојам и не знам што е безбедно да користам. Слузницата на носот целосно ми е разранета. Инаку го испирам носот со синомарин секој ден, користам детски прополис за грлото и тоа ме боли поради носот, последно при секнење, крв почнав да пуштам. Ставам маст од невен внатре и почнав да спијам со навлажнувач. Нема подобрување. Ми е страв и бебе да не го има истиот проблем, а и тоа навечер хрчи, па со солена вода и аспиратор го испирам. Среќа брзо се опоравува. Кај мене е веќе неподносливо, ме боли на допир дури. А не можам на доктор да отидам, далеку ми е, а плус бебе ни 2 мин. не седи без мене.
Моето поткашлува цело лето ама педијатарот вика ништо нема чиста е плуќата најверојатно е млеко или плунка причината
Мајкички да ве прашам нешто, бебе 2 месеца и 3 недели пред два дена ја примивме ротата и шестовалентната, се утепа од кенкање овие два дена попладне. Спиење што беше тоа? 3 минути сон ко зајак!Како поминавте вие, реакции на вакцинава? И со скокот ни се поклопи хаос сме!
Ние сме на комбинирано, измолзено млеко од мене, и АД Бебелан. Претежно беше на мое млеко, дохрана поретко или навечер кога не внесувам многу течности. Но, почна повеќе да блуцка, а два три пати да повраќа и тоа само од измолзеното млеко, од АД само блуцка уште од самиот почеток додека бевме во болница. Но, бидејќи неколку пати ми се случи да повраќа така пообилно од моето млеко, се прашувам дали можеби не ѝ одговара? Ете денес поручек само фрлам млеко и таа е на АД и е ок за сега, па не знам што да мислам. Исто така додека пие од измолзеното се стега, плаче често, се закашлува.... Искуства?
Не, немам. Често ми се случува. Неколку пати годишно и трае по 1 месец или со месеци. Сепак ќе правам брисеви. Првин да исклучам бактериска инфекција.
И ние ротата со кемкање ја поминавме ама дадов парацетамолче преспа вечерта и другиот ден супер си беше
Моето немаше никаква реакција. Вторникот прими втора доза рота и прва шестовалентна. Потечни столици и повраќање во млазови од ротата ама ништо страшно 2 3 пати. Е сега може да ствара грчеви бидејќи е стомачен вирус во поблага форма вакцината . По препорака од доктор само пробиотик. Температура ако крене над 38 тогаш сирупче, превентивно не. И ние сме во скок ни се поклопи ама не отстапи многу од претходното однесување.
Жени прашање дали е нормално бебето да мокри често? Добро да бидеме реални вчера вечер беше секој сат на цицка (во скок сме) ама да прашам и за тоа ….