Мајки на бебе од два месеци сакам да му давам чајче, понекогаш... Ама кај да најдам на hipp? Бекутанов нели со шеќер, мн благ
јас ја симнав апп зашто во телефон си ја ѕиркам цело време и читкам. Книга е супер, ама не е со мене цело време. Али сигурно е бољи од апликацијата.
Мајки до кога ви хрчеа бебнецата? Знам дека е нормално да хрчат дека се чистат ама моето овие две ноќи многи повеќе хрчка.. го носев на доктор, слушан е нема ништо на гради, носето чисто ама пак хрчка многу.
Мајки на 2+ месеци бебиња хелп! Дали и кај вас ноќта се претвара во ден или само кај мене?!? Независно дали го преспала цел ден или била будна, а дојде 12 вечер до 2.30-3.00 спие 15 секунди и после 30 до 40 мин или се смее си игра или плаче до заоѓање со ништо не се смирува. Кога ќе дојде 3 саат ко на дугме заспива до сабајле до 9 - 10 со едно до две будења за цицање Има ли финта да го поместам заспивањево барем од 12 да биде зошто не се трпи веќе
На доење е и супер напредува. Во право си, не дека е потребен нутритивно , али ако треба да излезам од дома да имам бекап молзено и чај. Можеби ќе останам само на опција молзено.
Не знаев каде да прашам а забораив на педијатар. Бебе беше 12 дена на антибиотик и имаше течна столица и мака со грчеви ноќе(ги препишав на антибиотикот зашто како новороденче ги немаше) Појачано давав пробиотик, место еднаш, два пати на ден, според инструкции од доктор Веќе 1 ден не е на антибиотик ама столицата уште не му е средена. Не дека очекував магија наеднаш. Дали може деновиве дур се исчисти мешето од сирупот да давам по два пати пробиотик, бар дур не видам нормална кака? Има ли штета? Да не напраам запек после?
Здраво мајки Како да и го исчистам успешно носот на ќерка ми? Кога цицаше приметив дека и беше мачно да диши поземаше воздух. Сабајле пробав со носе фрида и извадив нешто ама има уште по дишењето се познава. Ова не се водени мрсулчиња туку баш какашки залепени се и тешко се влечат. Вака кога гледав ноздрите чисти и беа и со влечење дојдоја горе на крајот на ноздрата и со дишење пак назад ги враќа никако не успевам да ги донесам на почеток на ноздрата за да можам да ги извадам. Се надевам објаснив добро. Дали би требало да прснам некаков спреј за полесно да ги повлечам?
Прскај обичен солен раствор пред влечење. Кај мене и самиот раствор после прскање го тера на кивање, па таквите мрсулчиња ке летнат сами. После извлечи, ќе искочи и плус нешто ако има.
Пак јас. 4ти скок ме истошти максимално. И мене и бебето. Не знам дали е ден дали е ноќ . Плачки дење, плачки ноќе. За млеко водиме борби, изгубивме секаков ред не знам кога му се јаде, а кога му се спие. Преку ден е преуморен ме плаши веќе, не е весел како порано, не се смее, само кенкав, само зева, може ли да се препише ма скокот тоа ? По 10 дремки во денот по 20 30 мин едвај. Од активно насмеано бебе што ретко плачеше стана невиден плачко и цело време нерасположен. Ноќе добива енергија, ноќе сака да јаде,да игра.. ги смени денот и ноќта. Се тешам дека ќе помине ама многу ми се виде, веќе и јас не можам да функционирам.
Нашите се тука некаде така да прашај си дали капки или спреј. Јас го пратив мм по спреј се врати со капки. За 2 месеци бебе и од педијатар и од аптека ни препорачаа капки да ставсме
Сите се исти. Со капки е малце потешка апликацијата, јас и за големата уште сум со спрејови. Аква Марис, Марисимо, Бекутан.