Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Сигурно се шлајмовите во прашање,инаку само инхалација и правеш или и даваш и нешто друго за шлајмовите па преку него да ги исфрла мислам на сируп или некој домашно правен лек
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Само инхалација. Ништо не дава, односно д-р не ми кажа дали да давам или не нешто, зошто се во носето, па не било страшно.
     
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Баш денес сакав да ве прашам кога вие веќе сте коментирале за шлајм во столица и кај нас е исто зелен шлајм во жолта столица ,и приметив дека кога ке му дадам чајче од бел слез на следното какање обавезно има шлајм.
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Дефинитивно биле шлајмови. Само што сменив пелена, истотот го имаше, само во огромни количини овој пат, и како цели топки шлајм. Страшно. Се надевам дека инхалацијата ни помогнала, а дадов и 20мл водичка вчера, да може да ги изголта.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    За деца кои може да јадат пудинг, давате им бидејќи пудингот им помага да ги голтнат шлајмовите, дека е леплив и полесно се симнуват. Ова го имам и на себе испробано, делуваше.
     
  6. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Моето јаде пак напротив сега кога се разболе не му давав пудинг повеќе овошје,чаеви не сака да пие посебно бел слез не сака веќе ни да го помисли а не да го пие,па од бебенце имавме шлајмови и го носевме да му ги чистат со перце инаку колку шлајмови му имашше извадено таа жена тој толку не тежи ,и после со инекции колку извади абе не знам од дека му се беа толку насобрале на една мрвка детенце
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ќе се самоцитирам за да го дополнам искуството.
    Значи кај женава бевме вкупно 4 пати, требаше и денеска да одиме ама се премисливме и не отидовме.
    Причините се следни:
    Прво-жената не е мед. сестра во Козле, погрешна информација. емногу ми беше битнен тој факт и кога разбрав дека не е така си го поткаснав јазикот.
    Второ-условите се недоволно хигиенски т.е. никакви.
    Трето- разбравме дека се оди само 3 пати, не било така, се оди онолку пати колку што му се вади шлаем на детето, а тоа не се знае колку третмани (условно речено третмани) ќе бидат.
    секој поединечен третман се плаќа

    Она што е најзагрижувачко и на што ќе обрнам внимание е нехигиената.
    Не работи со ракавици, не носи маска, а во исто време т.е. напоредно третира онолку колку што има деца.
    Првиот пат бевме сами, вториот -2 близначиња и нивното сестриче, едно 3,5 месечно бебе и ние. Третиот-близначињата и ние, Четвртиот пат-ние, 3 год. детенце и 2 год. девојче.

    Значи женава вади шлаем на едно дете, па тоа дете/бебе паузира, а таа вади на друго дете итн. се додека не сврти 4 круга кај сите деца без при тоа да ги измие рацете или дезинфицира.
    Сите деца си имаат свое пердувче пред себе, тоа е посебно, но сите сме сместени во иста просторија т.е во ходникот на една трпезариска маса и женава гравитира околу нас т.е. родителите и децата сите сме на едно исто место...бактерии и бацили колку ти душа сака. :tmi: Децата плачат, кашлаат, плукаат шлаеми, а сите сме на едно исто место, сите го дишиме истиот воздух. :tmi:

    Одевме неколку пати последователно затоа што после секој третман малиов беше се` подобар и подобар, подобро дишеше и му се намали кашлањето и токму поради ова некако како да го игнориравме токму овој битен елемент-хигиената и се надевавме дека нема да му се спушти шлаемот на плуќа.

    Во исто време пие и антибиотик, прво пиеше Цефалексин, не му помогна (овој антибиотик му го препишаа не детска клиника) па матичната му препиша појак-Аугментин и плус и Вентолин пие.
    Прееска бевме на контрола и д-рка наслушна дека има нешто на плуќа, :( не е опструкција, ама има нешто, во петок сме на уште една контрола, а утре ќе го носиме во Козле на второ мислење.

    Чувствувам дека морам да го пишам ова иако можеби (во голема мерка и сигурна сум дека таа го спаси да не му се направи уште од старт бронхит) ако не беше жената малиов ќе беше уште полошо, морална обврска ми е да ја споменам хигиената и покрај се`.
    Ќе бидам пресреќна ако не сме закачиле некоја бактерија :(

    Доколку некој има потреба, пак ќе речам не дај Боже, и сака да ја посети нека ми се обрати по ЛП, ќе го кажам бројчето.

    Уште само ќе напоменам дека однапред се извинувам ако некој бил по моја препорака и ако не дај Боже лошо поминал. :(

    Очајни бевме и рака на срце му помогна на детево, ама сега да сум со овој памет подобро би размислила и не би се вратила назад.
    Жал ми и се извинувам што порано не пишував за ова, ама прееска малку ни ги отвори очите д-рката (син ми е нежен и таа ни рече дека можно е да ја пројави алергија на пр. на пердувите и не советуваше веќе да не одиме, дека е доволно, значи мат. д-рка беше информирана дека одиме кај женава :!: )и затоа сега малку и поинаку гледам на целата работа.

    Плус и прееска кај нас дома дојде една наша сосетка која работи на клиника и не` испокара, лом не направи што таму сме го носеле бебето....имало некое дете баш кај оваа иста жена одело и закачило некоја страшна бактерија, прееска ни кажа и се испотресов цела и сега сум целта испопаничена и со страв и молам Бога утре добро да поминеме во Козле....само да не сме закачиле нешто, ќе се отрујам :( ;(

    Да не звучам како неблагодарна кучка, ама од се`срце и најискрено кажувам дека јас повеќе никогаш нема да го носам малиот таму. :!:
     
  8. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    мамицки кога правите инхалација температура во купатило колку треба да е ?
     
  9. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Значи и кај нас во Струмица имаше една млада жена што чистеше шлајмови со перце сега не чисти веќе и ми е многу жал што не го работи тоа зошто ептен многу ни помогна ,кај жената немаше којзнае каква хигиена ,прво завршуваше со едно дете па пауза па друго нон стоп си миеше рацете и при пауза на моето кога му ги вадеше,жената немаше тарифа колку сакаш толку дадеш,јас бев презадоволна од неа оти не знам каде ќе завршевме ако не беше таа,плус кај нас има едни баби што мачкат и после вадење шлајмови го носевме на мачкање,инаку брат ми нивната поради тоа што жената престана да работи немаше кој да ја исчисти заврши со бронхит и повторно си хрчи иако исприма една купа инекции,е сега мојот кум живее во Франција и кога му кажав што и како со малото ми вели кај нас нема такви методи и нашите деца имаат шлајмови,прво кај нас ми вели добро ги чистат при самиот порагај кај нас тоа го немало,со некаква пумпица ги чистеле,потоа им давале некој течност за дома која преку цевка се збризгувала во носот и дете се што имало го повраќало и никако не хрчат ми вели,е сега колку тоа држи не знам ама он ги има 5 и со ниедно немал проблем
     
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Не само од хигиенски причини туку и голема е веројатноста да поткачи со тоа перцето некоја гласна жица и да направи некоја непоправлива штета.
     
  11. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Ќе познаеш по тоа што ќе биде малце посјајна столицата. :D јас барем така приметувам кај ќерка ми, не е се темно, шлаемот се приметува по тоа што е некако сјаен-светкав :D озбилно ова


    Никогаш не би го однела детето кај некои баби да му бутаат нечисти перциња во грло. Ем нехигенски, ем во време на инхалатори и уште 1000 други сретства за олеснување од кашлица и шлаем јас по баби/жаби не одам.
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Да столицата навистина беше посјајна, всушност тоа и ме збуни, ама веќе на наредната пелена , а и на сите други до сега убаво се познаваат шлајмовите. Мислам дека инхалаторот си заврши работа. Дури убаво се примеќа подобрување кај малата. Дефинитивно ќе купам инхалатор.
     
  13. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Знаеш како мала и јас и брат ми сме носени кај нејзината мајка на чистење на шлајмови инаку ќе сум се задушела,истото се случи и со моето малечко,кога ја прашавме во врска со гласните жици и ние така бевме радознали да знаеме таа рече дека перцето само во устата се брка и на него како му се надигнува и таа ги фаќа,демек не стигнува до гласните жици,а за перцата знам оти прво ги попруваат со врела вода
     
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ај еден совет од вас мамички, дали некоја од вас дома топли со клима? и како бебето се приспособува на климата дали му прече?
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    Ломбарди зависи со клима е дали е од обиќните до-5 што грее или оние со инвертер не е битно на што ке се грееш битно е да имаш убава температура од 22-24 најмногу а за влажност на воздухот можеш едно тенгере на електричен да испарува понекогаш инаку ти догура до 9 месеца?леле колку брзо летавремето туку ај со лесно нека ти е се одлучи кај ке се пораѓаш и како?
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а климата нема ли да му смета на бебето? незнам каква е оваа пред една година е купена не сум ни прашала каква е. инаку планирам да купам од оние на топ шоп што ги рекламираат модори испуштале во водухот незнам какви јони :lol: и му давал дополнителна влажност па сакав да прашам дали некоја го користи и тоа?
    инаку да влегов во 9ти уште некоја недела и ке стигне мојот принц :inlove: па сега еве се спремам со организации по дома што како кое каде мора се да биде во најдобар ред за бебчето.
     
  17. nadege

    nadege Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    инхалација во купатило како сто имате описано мозе ли да се прави на бебе кое има месец ипол ај кјез ве молам писете васи искуства сто како треба посто малата има слајмови и не знам како да и помогнам да ги извади ;(
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.604
    Допаѓања:
    104.334
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека може, ете Меу мислам и правеше на малата. Тоа е природна инхалација значи, нема ништо страшно, само мислам дека ќе се уплаши. За секој случај консултирај си се со педијатарот, види што ќе каже.
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    да бе нема ништо лошо во тоа
    мене педијатарот ми имаше препорачано така.
    ама јас да не го почудам син ми нема мака. од време навреме му прскам спреј синомарин мини и го чистам со пумпица и нема гајле
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мајки ајде совет. Малиов мој почна често да се плаши во сон, а понекогаш кога е и буден. Не гледам причина што би можело да биде. Се случувало и порано да се штрекне во сон и да стенка од страв, ама од кога бев,е на гости по 2 пати на ден најмалку плаче на цел глас иако бубаче си е вообичаено. И тоа наеднаш ќе се уплаши сонце мало, душа ми се кине кога вика. Се смирува, го гушкам и му пеам, ама пак се мислам како да се решиме од ова.
     
    На Избришан профил 156253 му/ѝ се допаѓа ова.