Зошто обавезно чај? Каде пишува дека мора ако е на ад да се дава чај? Без вакви совети ве молам. Чајот дава и ситост.
Ќе направи електролитен дисбаланс со чајот и водата па ќе се чуди после што се случило. Но секој си одговара за своето дете.
Така е јас за моето си кажувам, а воедно и јас сум лекар и знам пред 20 години што учевме а ова со недавање вода до 6 месеци е релативно ново така да ЈАС не го применувам нарочито ако ми е дете на АД.
@Alexandrite мојата така прави ако сака да заспие, а била повеќе време будна или ако и тече многу млеко. Битно скоро сите така се нервираат ко ќе дојат, не е од немање млеко најчесто. Јас да прашам како ги занимавате бебињата после првиот месец. Мојата е месец и пол, не дека нешто може посебно да се прави ама последниве дена е повеќе време будна денски, почна по малку да гуга и да се смее, и стварно не знам што да правиме ко ќе е разбудена. Овој период ко да го имам заборавено целосно со првото, тогаш прво бевме во заедница па се селевме на два месеци и не знам како го занимавав. Во раце не можам многу долго да ја држам, а ми е жал да си лежи само. Тие картички црно бели од кога се користат и од каде се порачуваат ако имате купено? Кога почнуваат да се ставаат на под со подлога со играчки?
@Alexandrite вакви црно бели картички, добри биле за стимулација на мозочето, за концентрација, за развој на видот.
Мајки што ставате на потпарено? Јас на секое пресоблекување го мачкав со оригинал Павловичева но сепак му се потпарија препоните дури и кожичката почна да му се лупи..
Јас ставав од Судо кремата ама подебел слој и нас ни се олупи пеленска регија и од кога мачкам обилно сме супер
Преубава е и таа исто сме ја испробале, некоја мајка имаше напишано и дека ефикасен бил Џинџира спреј
Бејби џим со играчки горе и вртелешка над креветче, двете ептен ги сакаше и и држеа внимание. Вакви картички ние со бејби џимот имавме ама не паѓаше во несвест од нив и книга и купив црно бела не беше импресионирана, после кога почна да фаќа дека шушка па си играше. Огледалца многу сакаше мојата, тоа и држеше повеќе внимание кога е на меше. А на подлога на под од месец дена е, слободно можеш. Место картички можеш и да испринташ црно бели слики, јас и со дебел фломастер на а4 и нацртав некои шари и и ги залепив близу креветче. Добро ме потсети сега ќе си ги извадам картичките за животни да учиме ипак ќе ги искористам .
Цела среќа медицината оди напред на сите полиња не само на ова па не би се водела според тоа како било учењето од пред 20 години. Искрено не гледам никаков бенефит од давање вода/чај толку рано. АД се прави со вода, штом ги задоволува калориските потреби зошто не и потребите за вода. Но, на крај од ден секој одлучува за свое дете.