Дечки бебево неколку вечера ми спие немирно, не се буди, ама како да испушта некои звуци како хрчење, борба некаква, рита со нозе, раце - баш немирен сон. Дали ова му се случило на некој од вас? и на што е последица?
Да, и мојов е исто. Ќе прета извесен период па ќе се искака. мислам додека се искака е таков после се смирува
Читав на интернет зашто малиов почна да ми се буди на 40 минути. Наидов дека е нормално и дека е пикот околу 6тиот месец, да се будат на 30- 45минути. Малово ми е 5ипол. Точно на 40 минути се буди. Или бар се размрдува. Тогаш треба да одат во следна фаза од сонот. Сега успеав да го презаспијам ама плаче и кенка во сон. Не се буди ама ко улиптан е во сон. Денес уши ги исклучивме како можност за болка. Ми останува дека мешето уште се средува од антибиотикот за ушињата, или заби? Се плашам да не го боли нешто и како да му помогнам? Многу е жален. Да додадам, со цице се смирува ама па страв ми е да не му правам потешко на меше со толку цицање.
@kristina.k @Rtulka @Alexandrite Јас уште непородена купив таква книгичка од Бебе хоум. Многу е убава и мекичка, од едната страна е со црно бели контрасти а од другата страна е со контрасти во разни бои. https://bebehome.mk/product/tiny-loce-двострана-интерактивна-медис-кинга/
Теди ако е мешето ќе ги собира ноџињата, може не му е ништо, онака си кенка. Да го боли нешто,мислам ќе плаче неутешно. Инаку за цицето штом се смирува давај му,не мора да значи дека цица, може и само ќе ја чува во уста. Поголемката кај мене на цице навечер спиеше, кога сакаше цицаше,кога не само ја чуваше во уста, никогаш мака немала тој период со мешето.
Па дека пиеше антибиотик до вчера, затоа ми е мислата. Се измачи со проливче, преку ден дур го пиеше. Ги крева и прднува некогаш, не на секое будење, и ако прднр не се смирува него се витка цел. Денес последната кака му беше нормална, конечно после завршување на антибиотикот.
Дечки како се лечи дијареа кај бебе? Не дека нешто би правела без консултација од педијатар ама малку сум уплашена зошто бебе пак повеќе ми кака… цица ме стагнира додуше
Пробиотик. Да не сте примиле рота во скоро време? И ако сте на доење нормално е повеќе потечни столици.
Пиеме бејбитол неонате, не треба да примаме деновиве. Вчера го носев во Систина ми рекоа се си е во ред нема ништо. Ама например вчера какаше 6,7 пати во денот, а еве и од сабајлево какаше пак, некако како жолто зеленкастоминаку да на доење сме… Се надевам се е океј
Јас знам дека е дијареа ако се неколку течни столици во многу краток период, 6-7 нормални столици во текот на денот не е дијареа. Освен пробиотик ништо друго не можеш да даваш.
Фала ти ќе следам ситуација. Ох кога кака зошто кака - кога не кака зошто не кака. Тежок живот мајчински