Јас чистев/чистам со облоги од камилица. Со газа натопена во камилица го пребришувам окцето. И моето последниве денови е со гурелчиња цело време.
Таман и двајцата фатија ист ред, заспиваат исто време, ме уби регресијава со него. Преспа саат два и почна да прета. Цела ноќ. Конечно се смири сега веќе јас не можам да спијам. Колку време траеше првава регресија? Памтам исто интензивно беше и со ќерка ми. Ужас.
Мајки, А е стар 5 недели, до вчера вечер преку ноќ супер си цицаше. Денес е успан и цица и заспива на града, го будан и цела ноќ се измачивме. Што може да е?
Женски до 12 недела за деца кои се на доење се дава д3 + к1 и посебно дха омега, а после 12та недела како се продолжуваше? Знам дека после споени изгледа беа, ама не ми текнува точно сум заборавила како давав на првото дете.
Мојата е 4 и пол месеци, од кога се роди до пред 2-3 недели беше нон стоп зарипната од вриштење. Имаше многу мака со грчеви и премногу вриштеше. Без гајле, од плачењето е, ќе си помине само од себе.
Бев да ја зирнат, ноќеска и носето како полно со секрет, бевме сега и нема ништо на гради ама ми рече инхалации со физиолошки и дексазон, крвната слика вика е добра укажува на вирусче, од мене највероватно мене грлото ме болеше. И да сум ја пратела вика малечка е многу брзо кај нив се менува состојба, па утре пак да ја слушнат.
Бебе е скоро 40 дена и лежи само на страна и грб. Па од кога можам да ја ставам на стомак да лежи? И како се чисти нос со физиолошки?
Здраво, Д витамин земав на Пливит, предлог за омега некоја, бебе е 4++? Се жалев дека бејбитолот не се ич практични.
Можеш да ја ставаш да лежи на стомак по неколку минути додека е будна и постепено ќе зголемуваш време. За спиење не на стомак.
Бејбитол се швајцарските така? Јас ич не ја сакам фирмата. И зошто Омега, доктор ви кажа? На мене само вит Д и по потреба пробиотик. Омега ни за првото во Мк, а ни овде не ми кажаа.
Да, тие се, пола доза тече кога отвараш. Појма немам, и во Ремедика, и ортопед и матичната рече овие со омега да ги земаме. Па сега шубе ми е само обични да земам.
Јас обични Д3 капки и давам за омега ми кажа ортопед ако сакам и со омега да и давам, како сум сакала јас.
А зошто ти се истура, јас го фаќам со нокти на тенкото грло и другото делче или го кинам или го вртам се кине само, можда ќе истече малку ама тоа е 2-3% и после директ во уста, на почетокот и во лажиче ги ставав со Д3 то. Инаку пливит Д3 е на водена база мислам, оние на маслена се подобри за апсорпција.
Истото го правам, најнежно ама капка, две истекуваат...пак не е цела доза значи, тие вкупно 3 капки се де
Не е до толку ти се чини тоа јас не би сакала да го допрам, а не па да го испијам, затоа мислам така ни личи ко којзнае колку да истекло. За други па ќе треба лажичиња да миеш цело време. Затоа мене овие ми се практични, и за надвор да си земеш 1 доза ако ти треба и за на пат да не му ја мислам.
Здраво мами, од кога почна вашето бебе да реагира на вас и да ве гледа? Моето има 1 месец и гледам често да му зборувам, но сеуште не го држи погледот на мене и нема некоја реакција (смешкање и сл.). Освен зборување кои други активности може да се прават? Или рано е сеуште за реакции?