Вчера пишував ние сме 43 дена исто се слуша дека има секрет, а не и течи носето и гласот и е зарипнат, бевме да ја слушнат и крв и земаа вирусче викаат е од мене највероватно, мене грлото ме болеше. И сега инхалираме со дексазон и физиолошки па после пак на слушање. И мене ме фати мн страв зошто ептен се малечки, со тоа маската од инхалаторот каква е само душа ми се кине. Само ја пратам како дише
Моево е месец ипол истото што ти го опиша му се случува.. нема секрет во носе, ама хрчи како да има заглавено секрет измеѓу нос и грло. Кај вас така е? Бевте на доктор? Јас го однесив пред два дена чист на гради, грло и носе чисти.. и денес пак ќе го носам оти пак така хрче ама со многу помал интензитет.
Јас првите два месеци користев бејбитол, сега си земав вакви, една членка ги имаше постирано. Се ставаат со пипета директно во уста. Мене ми се практични.
Исто. Кога ќе се напнат ќе речеш еве станаа, а за вртење абер да се немало. Малиов се вртеше и спиеше на страна на 2 недели сега како да заборави Ги ставам на меше секој ден ама џабе. Планирам да не се замарам, ќе се свртат кога ќе сакаат
И да не се замараш. Ќерка ми не се вртеше. Се секирав многу и се откажав дека можда моето дете едноставно нема да се заврти. И си бев лабава дека нема да се сврти. Се додека еден ден не тресна од кревет на под
Како им ја менувате страната на вашите бебиња за спиење? Фаворизира една мака мачам со вртење на главата од пусти страв за кој патем не знам дали е вистински и дали стварно мое да се набие
Моето не се сврте никогаш. Најпасивно бебе на свет. Ама седна рано, лазеше како да има моторче и одеше со брзина на светлина држејќи се за мебел и ѕидови. Ова сега е 2,5м. вчера го ставив доле на под се сврте до пола. Се преплашив. Ново е тоа за мене. Муабетов е нема правила. Апропо се надоврзав на твојот пост.
Јас менувам страна, а тоа кога ке се разбуди ме бара на која страна сум легната, а и плус така и менувам града за цицање без да го преместувам него
Моево е мрзливо ама се врти. 5 месеци, демек пробува да лази, ама си прилегнува. Не сте сами мајки. Сите се грижиме за сенешто. Еве ја големата порасна, седна нестабилно сама тек на 8 месеци. Овој ни со потпора не седи, одма крева газ, да се сврти. Ваљда се е нормално.
@Black girl пуштате ли дома нешто клима, греалка? Кај моево иста ситуација има денови кога крчи страшно и се дави викам отиде плуќата а некогаш не. Бап вчера ја носев на педијатар да ја слушнат и прашав зошто крчи ако нема ништо и ми ги посочи грејниве тела што ги користиме. Наводно го сушеле воздухот и затоа така реагирале, сепак се понежни. Како решение или навлажнувач на воздух или гезве/тенџерче со зовриена вода да испарува во просторијата. @Majaaaaaaaaaaaaa ќерка ми до 10 месеци едвај на страна се вртеше, мрза невидена, не лазеше со газето само се влечеше. Прооде точно на 1 година, сега има 10 год проба неколку спортови нема каде што не ни изреагирале колку е спортски надаренаи колку брзо ги совладува техниките. Од дрво неможам да ја симнам Второво ми е 2,5 месеци веќе почнува до пола да се врти, страв ми е да ја оставам сама на кревет...од претходното искуство очекувам да биде мрза невидена
Мајки како да го одучам малово да не ми заспива на града? Вчера направи 2 месеци и на прсти на една рака може да набројам кога го иам успиено без цицка. Ај не ми е проблем што така заспива, ама страв ми е што му останува млекце во уста. Татко му го заспива без проблем со галење и пеење. До мене не сака така. Сакам пак цуцла да му дадам, ама прерходните два пати лошо ми цицаше кога и да дадев лажливка.
Ние сме 2 и пол месеци. Од вчера проблем со спиењето. Вчера стана во 10 сабајле и цел ден не спиеше тек ноќта во 12:30 заспа и тоа едвај. Денес пред 10 станавме и до сега 2 пати само успеав да ја заспијам не спиеше ни по 15 минути. Не се предава да заспие. Како може толку мало бебе цел ден будно да е.
Женски кои инхалатори ги користите за бебенцата? Треба да одам да земам за моето бебче па да знам од кој сте задоволни?
И моето има такви денови и држи до 2.30 сабајле. Јас паѓам и се влечам ама она ко да спиела цел ден се понаша
Од сега само тато за заспивање а мама раат малце Шала на страна, јас во релаксатор ја ставам и или сама ќе си заспие така од што ја дрмаат вибрации или ќе ја полулам малце. Инаку и мене ми заспива на града, ама само што ќе ја тргнам се буди
@V.N. Кога бев на ортопед ми рече да не го думкам зашто мозокот кај бебиња бил помал од лобањата и постојано се удирало така и правело зашеметување кај бебињата. И сега ми е страв и нишкање и релаксатор да се користи.