Повраќа во млазови или бљуцка? Ако бљуцка гајле да си немаш, сите бљуцкаат и го исфрлаат вишокот, е сега знам мачно е на сите страни избљуцкано и јас се шинав од машини пуштање секој ден.
Леле не можам со бљуцкањево, се мислам на Анти рефлукс млеко да ја префрлам.Не се издржува веќе и неа ја малтретирам со пресоблекувањево. Не знам веќе.Три и пол месеци е мислев ќе намали.
Некогаш се млазови некогаш бљуцка оставам уште викендов од понеделник ќе барам чаре да го сменам млекото ..
Дечки ние сме на доење бебе нешто мн малку ми вица временски или едноставно побрзо цица не знам што е работата по 10 минути цица а порано цицаше 20/30 дали се убрзало или не сака не знам инаку 2 и пол месеци сме
Сега е поголемо и појако, влече побрзо количина што му треба не се грижи, да е гладно ќе плаче. Моето по 40 мин. цицаше на почетокот а сега исто за 10 е готово, ние дека сме на АД затоа знам
Револтирана снашка, ДА и јас ти се придружувам и јас ќе бидам дупла свекрва некад ако дочекам! Ама ако сум ко мојата боље да ме нема на овој свет!
И ние сме исто, некогаш за 7-8 минути градата и е исцицана онака активно цицање без прекин, само колку воздух да земе. Вечерва одмивајќи го газето ми вшприца скроз водена столица бааги количински, се брои ко проливче од еднаш или ок е некогаш скроз водено да какат? Бојата си е жолта редовно.
Ае зошто само кај мене обратно? Порано максимум 10минути цицаше и тоа брзо и лакомо. И по 2 лигавки ставав од што лом се правеше по лице со млекото. Сега цица и по 25 минути полека не се брза. Некогаш заборавам лигавка да и ставам и пак суви и се алиштата.
Ја мислам од домашноте никој не ги ферма веќе не добиваат внимание од сопрузите веќе како порано, па ајде сеа на снаата ќе и се калуваме на глава од шо не знаеме што со себе. А и ко да се трудат да се мерат со снаата, мислат тоа млади ќе ги одржи. Ние сме со бебка цел ден во раце. Го остабам во релаксатор 15 мин на ден максимум да одморам раце. Е сеа релаксаторот е пред тв на 2 метра, пуштам цртани и ги гледа коа мрткаат. Колку му штети тоа со оглед дека немаат развиен вид него гледа светлина, бои?