@JuLleE и моево еве перидов се мачи со тврда столица. Два пати кога имаше појак напон на каката имаше свежа крв, ама и кога го бришев на анусот имаше. Прашав матична, рече капилари пукаат при силен напон.
Мајки дали им крцкаат ковчињата на вашите бебуши ? Неколку пати кога ќе го фатам во раце слушам крцкање, од зглобовите најверојатно, не знам дали е нормално.
Здраво. Бебето ми е 5 и пол месеци, се добро си напредува но имам забележано никако не сака да држи тропалки, глодалки или некои играчиња в раце. Ќе ги фати само 2-3 секунди и ги фрла. Дали е рано за да држи? Јас му ставам во раката ама не сака дури и мислам дека има спротивен ефект. Едно време и шишето ќе си го подржеше сега веќе не сака. Дали треба да превземам нешто или едноставно да си го оставам бебенцето кога ќе сака тоа тогаш. За две недели сме на вакцина па ќе прашам и таму ќе го видат на преглед за 6 месеци.
Мајки денес примивме рота и шестовалентна. Може да споделите ваши искуства какви беа бебушите тој ден дали повеќе спиеја и слично. Дали имавте некоја реакција пример температура? Која температура е нормална кај бебе а која покачена. И на колку температура веќе треба да се даде сируп или чепче. И со што го мачкавте местото на боцнатото.
Не ја бањав тие 2 дена. Викенд беше дури и шетавме. Кога цицаше знаеше да заплаче од стомаче, друго ништо реакција. Со лесно и кај вас.
Ништо посебно само поспан беше дента и малку грчеви од ротата. Ставав лепенка за ладење на убодот, за температура ми рекоа бруфен сируп над 38 ако качи. Во диспснзер ми рекоа првите 12 саати од примање ако не крене температура нема да има.
Малце покемкаво беше дента, в раце се држевме појќе, спиеше малце повеќе, тт првиот пат крена 37.7 спадна без сируп, сируп над 38 ако крева.на местото лепенка за температурата лепев на 6 часа два дена. Една на пола ја сече. Втората доза крена 38.1 му дадов сируп и помина веќе не крена. Од рота потечна столица и можи да смени боја.
Ние добро поминавме. На боцнатото Ациди Борици ставив 2 3 облоги само дента. Температура не качи, од ротата после неколку дена 2 3 пати ми поврати со млаз и потечна столица. Еферглан над 38 ми рекоа. Јас потешко поминав зошто фатив Рота
Денес бев да купам бејбитол неонате пробиотик за бебе, од Еурофарм, ми рече а големко ви е бебето за него се дава само ако има грчеви уште , имал и нешто друго во состав против грчеви…. Претходно земав од Зегин, да не има два пробиотика? Ме збуни сега
Најголемата ја користам, во болница ми ја мереа градата и ми дадоа тоа што одговара. Бебе ја вшмукува цела во уста и се тегне нервозно и веднаш ја пушта. Изгледа потешко му надоаѓа млеко со неа, пробав и пред да му дадам да ја наполнам рачно со млеко, не помага и тоа. Не знам што да правам веќе, само во молзено гледам спас, барем период
Значи стварно веќе не влегувам во еурофарм, кај го немаат ,па и паметни нов бил уште не бил ни донесен