5 години е. И ние сега сменивме на памперс актив, преходно бевме на премиум и активот дури и потенки ми личат А и на акција се начекуваат, премиумот премногу го качија. Ниеднаш не ми пропуштиле. За синко пропуштаа само ако не му одговараше бројчето. @Alexandrite види тоа да не е проблем.
Читав низ интернет за деца родени царски, ама овде ниту во болница, ниту матичната спомна да се дава било што освен д3. Исто е и за син ми, кога и да е болен, сируп само за симнување температура. Прашував за после корона и сипаници дали да давам нешто, рекоа не. Не даваат никакви суплименти освен ако немаш недостаток. Јас вит Д си го зимам на рецепт оти тоа мора и ти следува. И тоа уште користам откако купив, ми рекоа до крај се користел. Слушам доктори, а и јас лично не давам и не сум давала суплименти без потреба. Овде се функционира така, што помалку се пие лекови и повеќе се форсира здрава храна и навики. Јас се вратив на Премиумот. Овде пак, он е најчесто на акции и сега бројчето ми е погодено. Ама ми мириса некогаш чудно. Активот мирисаат ли?
@JuLleE мирисаат активот Ние знаеш тука си љубиме витамини и за истите за двајцата вчера 100 евра во аптека
Леле Ели 100 евра. Знам, ама донекаде и сфаќам. Во Скопје децата од воздухот се разболуваат, овде ти викаат шетај го на воздух за да оздрави. Ама оваа 100 кава. Имаш на waya пробиотик со вит д, или зимај на Плива. Поефтини се, само горчат малку. Јас давам Олеовит, маслени капки се, не знам дали ги има во Мк.
Синко почна терапија со бронховаксом , изопринозин и масло од грејпфрут. Сите се по околу 900 ден. Користи цело време спрејови за нос , двата 800. Ќерче пробиотик 700, омега+д3 околу 500-600. Бебевит капки 900. И пелени 1.100. Лудило . На рецепт нема ништо. Ваја околу 200 ден. е поевтин. Колку ќе заштедиш, 200 ден. Така се зезнав со нормиа . не и одговараше , па пак биогаја купував И сега маж не дава никако да експериментирам
Мене така ми прокиснуваше кога се роди до месец ипол, памперс актив користам, таква е градбата на бебето и сменив памперс премиум пак беше исто и се вратив на актив подобри ми беа, прекина кога наголеми, верувам од било кој памперс ќе прокиснеше, еве сме веќе на 3ка и не прокиснал ни еднаш, навечер по 12 часа издржува.
Луѓе не знам веќе како да му помогнам на бебево.. две недели веќе хрчи, овие денови и носот му е полн, влечам со Носе Фрида, правам инхалации со синомарин и пак има во носето... бевме и крвна слика направивме супер беше, само леукоцити ептен благо покачени. Колку време трае ова со затнатиот нос, не знам дали толку многу му смета или јас преувеличувам.
Консултирај се со матичен штом има леукоцити. Да не треба и брис од нос да земете. Инаку месец , месец и пол сигурно траеше, еве и сега знае, матичната ми рече ради промена на време . Хрчи , а не излегува ништо со пумпа
Дали може да не ја примаме рота вакцина а сите други да ги прима при моја желба? Трета вакцинација е во прашање, плус носето и е затнато и и тече многу да чекам да помине па тогаш или?
Имам комшивка што не ја стави третата доза , не сакаше после си продолжија редовно. Јас не би вакцинирала со затнат нос, моментално синко е раскиван и затнат а имавме вакцина за бебуш закачено и нема да ја носам , хрчи и она со носето.
Мајки пред некој ден прашував за црвенилата по лице што ги има бебушка. Тоа се хемангиоми кои некогаш се губат а некогаш не. Кај големата моја и остана на лице е ама па она си го има тоа добро прифатено и не и смета. Малово има многу повеќе и педијатриве претпоставуваат дека ќе се повлече АМА кога ја носев минатава недела на вакцина во Букурешт баш докторката ми спомна демек ако не се повлечело додека е во доеничка возраст на клиника ги мачкале со нешто на П ми го кажа и поминувало Има некој искуство со тоа?
Пропранолол? Не советувам тие од диспанзер да препишуваат терапии со пропранолол. Ова е терапија за срце и не се дава баш како козметички третман. Се дава кај хемангиоми ризични кои може да се шират, големи, на ризични места, со ризик и за внатрешно да се појави и евентуално ако е на лице па од естетски причини да се третира. Да не тупам, и мене во диспанзер ми ги запишаа па уште и од Турција ги земале и сл, Старова рече не треба. Отидете на кожен и нека оцени дали треба да се мачка или не. Вака како викаш се појавува и губи не личи страшно. Ако е на лице и е големо тогаш од естетски причини ќе ви го препишат ваљда. Ќе побарам ако точно те интересира што ми запишале. Ќеркичката колкава е? Мојата има сторк бајт хемангиом позади на тилот и е поголем, ама ради косичка не планирам да го третирам (и мм има на исто место) има и кај окцето и челото и избледе за разлика од кога се роди. Имаше и онаков строубери испакнат тој може до 1г да расте а до 3г да се повлекува, еве го почна да бледее после 6ти месец. Тоа дека ако не се третира дур се дои не ми кажале. Напротив ми викаат дека понатака се губи.
И синко е за трета рота и хекса, таман помислив вчера да го носам, закачи некој лош вирус викендов, цееели три дена константно тт имаше, без кашлица, без шлајм, затнато носе.... Вчера се иссипа целиот, освен на раце и нозе. Помислив на розеола(така мислам се викаше ако паметам доволно од првото дете) но матичната вика, тоа се бебешки сипаници,кои излегуваат околу 6от месец,не се третирале со ништо. Јас сега во нашиов случај, ќе почекам бар 10 дена уште, зошто знам дека сигурно имунитетот му е 0.
Мајки има некоја ова? https://www.wenice.mk/Product/ProductDetails?productId=SE571-13 Или да си земам кенгур класичен?
Не сфаќам. Нема желби за вакцините. Освен за рота, првата прилика кога ќе е комплетно здраво треба да го однесеш за вакцина. Ако помине периодот за примање нема да прими рота.