За надвор или за внатре? За внатре боди на прерамки или кратки, блузичка и панталони со чорапчиња ( за надвор уште јакна и капче ) или боди со кратки или прерамки и шпикозни
Ее најголема дилема. Боди на брателки, па шпихозни. Ако излегуваме и е 20+ плишано ќебе во транспортер или количка. Капа неам ставено, ама го мотам со тетрата на која лежи главчето...
Боди на прерамки доле обавезно, па тренерчиња или боди по долги и панталончиња. Ако е за надвор капче обавезно ставам и дуксерче или џемперче.
Ја два дена по ред ставам капче, 16 степени и ветерче, се мислев прво ама ја ставив да не го мислам, сепак бебе лежи и ми беше страв да не му студи
Боди по кратки, шпихозна, чорапчиња, капа и покриено со ќебе. На сонце е топло, ама под сенка е ладно.
Не сакам да прима рота а знам дека не е задолжителна, тогаш ќе чекам да помине па да ги прима другите ревакцини.
Вака, ќерка ми имаше 3 големи хемангиоми. 1 од раѓање и 2 и се појавија одпосле. И на лицето имаше мали точки кои се изгубија, кога точно не знам да ти кажам. Според педијатар, доколку има повеќе од 2 се прави ехо на мозоче, срце и внатрешни органи за да се види дали има внатрешно крварење. Прво мачкавме со тимолол гел ( се набавува од Бугарија и Грција, го нема кај нас ), се покажа неуспешен и преминавме на терапија со пропранолол. Дозата ја одредува доктор хематолог од детска, а не од диспанзер да ве советуваат. Кај нас тоа помага, скоро и се изгубени. Исто, хемангиомите имаат период на стагнација и на повлекување. И се повлекуваат до 5тата година колку што памтам. Ние ги третираме бидејќи се на лоши места ( позади на ноџињата ) и има ризик за да се чепне и да искрвари. Беа баш набабрени, сега се скоро изедначени со кожата, како некое мало белегче изгледаат.
Мајки, сакаат ли вашите малечки да се бањаат? Кај нас секое бањање е стресно. Што правите за бебето да ужива во истото?
Мојот дечко првите неколку пати ептен плачеше, ама забележав дека тогаш го воденев прво телото надоле а потоа главата.. сега ставам една тетра пелена во коритце, вода ставам две мали ептен мали кофички, и не го оставам целосно да леже туку едната рака ми е на вратчето негово да му ја држам главата, воденам прво на главчето па потоа на телото надоле. Така уживка ептен.
Од првиот пат, ужива да се капи. Прво на рака ја држам и мијам главче и грб, па ја легнувам на мрежа на коритцето, цело време и држам главче обавезно и миеме меше, ноџиња, се со ред. Пред капење додека ја соблакам, цело време и зборувам, се смееме... That works for us
Не го ставај директно во вода голо, замотај го со една тенка пеленка а водата нека биде млакичка, пеј му, смеј се со него и гледај го директно во очиња, помага да знаеш. Можеш да го легнеш и на столче за бањање во Локо кроко има со мрежичка не се скапи а се преубави, јас се изненадив колку уживаше беба седејќи на него.Ајде те чекам со убави впечатоци
Кога сме кај тема бањање, ние немаме проблем со бањањето туку со моментот дека истото завршило. Ќе ја стави ли мм во бањарка дур не ја облечам тоа е рикање со децибелажа миљон. Пеење, свирење не помага зашто не може да ја надвикаме и комшиите социјална служба ќе ни викнат. Среќа и они се со мало бебе па имаме хорско рикање. Шала на страна ако имате некој трик кажете, не е нож до коска ама жал ми е после уживање да плаче.