И мојата плачеше кога ја вадев од када порано. Сега плаче кога ја ставам да се бања. И они не знаат што сакаат
Зошто им кркорат цревцата, на малава и кркореа ама сега од вчера некако повеќе и многу е плачлива, најчесто е тоа додека јаде и после јадење дури и се виткаше вчера. Така изгледаат грчевите? Исто е и кога цица и кога пие измолзено. Само во раци спиеме преку ден, што да превземам незнам, а ја оставам на кревет мислеш изгорена е.
И моето последните 2 дена го има истиот проблем. Кенка, се вие и мн му кркорат цревата. За време на јадење и кратко после јадење ова. Најчесто се јавува од 9 часот навечер. Ми изгледа на грчеви
Јас мислам дека се гасови. И мојава исто се дешава при цицање. И после толку претање напнување успева да прдне.
Дали некоја од вас го има овој проблем? Бебе два и пол месеца ми се буди некогаш во 05 некогаш во 06 сабајле и не презаспива. Ова е од раѓање. Пукнав веќе, надвор црна темница, мене ми се спие, ми се плаче.
Мојата има таков ред, во 5 и пол-6 цица и не презаспива, кака тогаш обавезно, ја слекувам, па се дружат со мм до 7 и пол дури замине на работа, јас дремнувам уште малку И давам да цица тогаш и еве ја уште спие.
Моите од раѓање се ранобудни, 5:30- 6:30 денот почнува за нас. Ретко да поспијат повеќе, ако се случи тоа веднаш им мерам температура. Имаше периоди поголемото се будеше во 4, но среќа кратко траеше.
Истото и кај нас со какањето и можеби затоа и станува. Само што е кај нас 4:30-5:00 и многу тешко да заспие пак. Мртва сум и јас. Ете го па спие сега веќе цел саат.
Јас истото го приметив. Многу, многу му крчат цревцата (кога го држам дури и на моите раце чувствувам непријатно) и покрај пробиотик и Колиеф капки. Се витка и офка, само го смируваат топли облоги и во раце да спие.
Бебко скоро 7месеци, 6-7ч.наутро е буден, го испраќаме бато на школо, тато на работа и ни почнува денот. Ретко презаспива, многу ретко. Преку ден само на цицка дремнува по 40тина мин. Навечер 8-9ч.е кома. Ноќе два пати го земам за доење, ама не се буди.
Веќе е 3м. бебево и сè уште не сака во количка. Ама ич. Некој се соочува со истово? Кенгур па никако. Џабе го купив. Кај дома па и надвор во раце е.
Ели за Бејбитол Неонате пишува до 3 месеци обавезно а пожелно е до воведување немлечна дохрана односно 6 месеци од прилика. Туку, јас да те прашам за Ла Рош липикар, дали го користиш цело време на бебе или само додека средивте сува кожа? Јас го земав и кремастиот гел за туширање, ја бањам и мачкам цело време со Ла Рош иако скоро сегде го решивме проблемот со сува кожа... Господ здравје да ти даде што ја сподели кремата
Во легнувањето има промени, поголемото прво легнуваше во 7, сега во 9, а помалото кога имаше повеќе дремки легнуваше во 9, сега 7:30-8. Но станувањето рано не се промени. Твоето кога легнува?
Мајка така бевме до кај 4 м, но не фана и зима па и ладно беше. Потоа му го сменив аголот го ставив на 30 степени количката и бев упорна секој ден испаѓав и наголемував на време. Сега на 9м обожава да се вози во количка да не подречам
Потполно исто, ние сме со коли прев ради лактозта, ама џабе изгледа процесов мора да пројде Ќе билдаме раце
Само упорност. Да е јадено од дома и да е време за спиење. Полека наголемувај интервали на шетање и само ти биди смирена. Закачи некоја играчка на количка,запеј некоја песна било што само да делува Нека ви биде како рутина во слично време секој ден шетајте па додека е убаво вака време и два пати на ден е идеално според мене.