Не ја мачкам цело време, само кога ќе и стане посува , или ако видам лишаиче. Некако ми е јака и тешка за секој ден. за секој ден со уриаж
Здраво мајки, Денес бевме на доктор, ни дадоа терапија инхалација со Атровен и физиолошки, и ми напоменаа да му ги затворам очите на бебето со газа? Бебето е 3 месеци инаку. Имам искуство со инхалации, и поголемото дете има правено, со Вентолин но тогаш не ми нагласиле да покривам очи. Стресна му е инхалацијата на бебето и без покривање на очи за жал, уште и тоа ни фали. Па ме интересира дали е неопходно тоа покривање на очи, заради што е? Сте го применувале ли вие ова?
Мене првото дете ми беше такво, количка да не види, се во раце, мака ми беше ко ќе видев како некое бебуле си спие во количка а ние во раце а количката ја буткаме празна. Колкот од тогаш ме боли, едноставно некои деца се такви, ова сега обожава да спие во количка, само сто ќе излезам од зграда заспан е срцуш.
жени што де покачени лимфоцити на крвнс слика малку се покачени се извадив од памет утре сме на вакцина да не ми е болно дете?
Зашо мислам некој пиша дека скалата за бебуња се разликува од онаа за возрасни? Тебе кс со кои референтни ти е?
Кај моите секогаш лимфоцитите се покачени од референтните вредности што обично ги пишува, што се однесуваат за возрасни. Но секогаш ми даваат и посебен лист со референтни вредности за бебиња/дечиња. Прашај доктор за секој случај, но мислам дека во ред е се.
@viniMini @le.dentiste @Rtulka @bubabuba Сè што сте ми пишале правам. Секој ден се нешто ново пробувам. Ми требаше поддршка. Најмногу заради и тоа пишав. Фала мајки. Мала исповед: Со првото се изнауживав, шетав по 2h низ парк и после работа со маж пак. Сега им завидувам на родителите кои спокојно си шетаат така. Се во раце ми е. Буквално за во сите теми сум да пишувам, од не спиење - до грчеви...уште и да не јаде. Никаква работа не можам да завршам надвор. Само чекам време да помине и се надевам дека ќе смени. А, нема посмирен човек од мене. Едино може мм да е. Бебево не ми е вознемирено, едноставно премногу сака близина. И тоа е океј да немав уште едно кое му требам. Секогаш кога ми е мака се тешам со оваа слика. Нека трепка. Ми олесна малку.
Се консултирав со свекрва ми таа е лекар од друга бранша вели океј е ќе видиме утре што ќе кажат. Баш се вознемирив
@Kolache na mama и мене првото ми беше бајче, не осетив дека имам ни бебе ни дете ко ми порасна сега. Ама затоа малово наплаќа. Мм вика мора да сме минус еден дома обавезно мора да е во раце кај некој. Значи или цица или е во раце. Ко ќе заспие ко на јајца газиме, страв ни е да се погледнеме меѓу себе да не ја разбудиме Едино добро е што сака надвор во количка да се вози и тогаш си дремуцка. Некогаш знае и да се успие па ко ќе се вратиме од шетање не ја вадам од количка додека не викне. А и спиењето преку ден и е 10-15 мин и собира сила да галами следните 3 саати И ко ќе ми речат дека бебе од 2-3 месеци треба само да цица и да спие ми иде да се фрлам од 10 спрат Така да не си сама