И ние си имаме проблем со спиењето, дење веќе подолго од 20 минути дремка никако не врзуваше, и тоа беше реткост. Освен во раце. До после ручек веќе имав преморено и нервно бебе, и двете бевме мизерни. Очајот ме натера да земам количка во дневна и така веќе почна да спие, ама на секое мрдање нишкам и ја враќам, па после првиот пола саат нишкање изгледа успева да се успие добро па веќе тераме и до два саати барем една дремка во денот. Нормално до мене е количката цело време и нишкам по потреба, не дека успевам нешто да направам или да дремнам, ама бепка почна да спие конечно минимум број на саати, иначе 10 саати не ги врзуваше вкупно, што е премалку за 2 месечно бебе. Па ете пробај, можеби и кај тебе ќе успее. Ако ништо друго, барем нема да е преморено бебето цело време. Сега мојата е многу порасположена и поретко се преморува, дури и навечер подобро спие. Иначе исто така пуштам и бел звук кога ја заспивам и додека спие за да можеме да мрднеме по дома. Исто така и порано ја заспивам, отприлика на саат и 10 минути (само што ќе се прозевне одма одма), додека порано после саат и пол, ама изгледа и беше многу, па стигнувавме и до 2 саати будна додека ја заспијам, што е многу за нејзина возраст.
Се вакциниравме. Презадоволна сум од Железничар! Секоја чест на докторката и сестрата значи неверојатен тим. Просто се изненадив дека има такви сестри. Со љубов си ја работеше работата гомоблече соблече му пееше му збореше убавини изненадена и пресреќна што го запишав таму. Бебенцево беше пењопуштено и добро поминавме
Имам уште едно прашње за сите поискусни мамички тука Какањето на бебето вечна дилема. Што значи зелена кака? Што значи жолта лигава кака? Што значи жолта кака со бели зрнца? Син ми ги има сите, само на доење сме. Дајте ми знаење оти на моменти паничам с знам дека е беспотреба.
зелена - гладно, ладно/настинато или оксидирала бојата ако подолго време не е сменета пелената жолта- нормална
Најверојатно е исфрлен секрет од носе или лиги поради заби, не е страшно мајла. Белите зрнца во жолта кака значат непроцесирано млеко, побрзо цица отколку што дигестира организмот, често цица
Истово ќе прашував како @GoldenFrida стварно е супер што има во темава мајки кои ни ги решаваат дилемите на нас малку понеискусните мајки @velesanka @Jordanovska-K Ние со носето сеуште имаме проблем, се е ок бевме на контрола секретче си има проѕирно од носе, сега е веќе подобро не е како што беше, се надевам за брзо време ќе го снема целосно...
И сакав да прашам што значи кога повраќа пообилно малку и со бели како зрнца? Вчера на два пати така ми поврати и еве сега пак?
кои се знаци на реакција на вакцина? Рота и шестовалентна? Сабајле прими, кога да очекувам нешто? Да мерам температура или едноставно само да набљудувам бебе? Ми рекоа однесувај се нормално ама ми е страв
Само набљудувај го, ако за 12 саати не крене температура уживкај, од ротата може да има почести столици ама и не мора, ние немавме ништо, бевме само покенкави два дена
На настинато бебе со затнато носе од 2 месеци како да му помогнам? Ставам солен раствор и влечам со пумпа. Друго чаре?
Се е во ред. Леукоцитите беа океј лимфоцитите беа покачени сма тоа било нормално зошто ме сњ чува во стаклено ѕвоно тоа е некоја бактерија која е минимална и нормална било ау❤️
Што мислите за swaddling? Практикувате? Почна бебето да ми спие многу немирно, се плаши од сопствените раце.