Ista bese i mojata, sega se podopravi inace znaev na fotelja so beba vo race da spijamKje smeni veruvaj samo treba da se izdrzi Sega pak zaedno spieme na grada e celo vreme i na saat se budi samo da ja drzi gradata vo usta i pak sum nenaspana i cekam da smeni
Ај пробај додека ти е во раце са ја замоташ со некое меко ќебе но не ја спуштај, нека заспие па спушти ја ама гледај ќебето да не и го мрднеш од грпчето. Мене ми успева
Еве сум јас со прашања пак, ама малиот менува секој ден и некако ме плаши Генерално имаме мирен сон без проблеми. Оваа недела навечер, после подој почнува нешто да се менува. Значи бебе спие, импочнува од еднаш да испушта некакви збуци, да рита да се врти лево десно ќе му ја ставам цуцлата прекинува. Пак после второто доење пак исто. Не знам дали се грчеви не плаче, не сме ни имале грчеви до сега а ги прекинавме капките, не сме во скок излезе. Ова од вторник се случува. Првото спиење му р бајче и потоа тоа се дешава. Ова го најдов на интернет. Дали кј вас се случувало ова
Секаква кака е нормална. И да е настината, ги исфрла преку измет, и не треба ништо да се прави. Бебе да е мирно, да јаде, да спие, мочка...
Мајка, син ми кога имаше 1 м почна е вака да прави како што опишуваш, првото заспивање мирно и потоа на секој нареден подој немирно спиеше, испушташе звуци како да стенка неможам да опишам, нонстоп лево десно се вртеше и сам ќе си се смири и ќе заспие па потоа по наредниот подој пак така. Јас тогаш и снимив видео на педијатарот да види како се понаша и таа ми рече дека се грчеви затоа така немирно спие. Дали беше до капките што почнав да ги давам, брзо го надмина тоа, така беше може три недели но, не секоја ноќ.
Мајки, вие со бебиња бљуцкала, како ви напредуваат бебушите? Кога престанува ова лудило? Жал ми е шо си исфрла голем дел од млекцето, мислам дека и од тоа сме со минимум во напредокот. Некои денови супер, ама некои (ко денес) и по 3-4 пати по подој. Педијатарот вели ок е напредокот, не е рефлукс ама вагата слабо движи нагоре некако... 2 месеци и 3 дена 4860 е, родена 3280, од болница излезе 3100. Само на доење е. Ок е или малце?
Мамички да ве прашам нешто. Син ми е 6 месеци и од зеленчукови кашички не сака ништо. Пробува се мршти и на 2 лажичка не отвара уста почнува да плаче. Дали кај сите е така и нормално е?
Ќе снимам и јас вечер па ќе покажам не знам мн ме чуди, некои велат дека совладуваат нови вештини во сон ама ова е стварно за замислување ме буди мене кога го прави тоа.
И да дополнам уште нешто од мој случај, ќерка ми пример овој месец една недела напредна 100 гр, следната 350 гр, третата 50 гр. На крај финално за месец ќе ги фати тие "минимални" 600 гр. Напредокот не секогаш е линеарен но се додека има напредок...добро е
И јас имам ист случај како членката и сите ми викаат остај го ќе презапие. Аха, сигурно. Да мрднам од кревет, да се поместам се буди. Во кревет јадам, во кревет кафе пијам, и тоа ако успеам и тоа да го направам. Некогаш лежам до него залепена само за да не се разбуди. Блазесити што си имаш такво бебе.
Мајки кога престанавте да ги будите бебушките навечер и како дојдовте до тоа да си преспиваат цела вечер? Одлично напредуваме, пиеме млекце повеќе отколку што треба се будиме на 3 часа, би сакала барем навечер 4-5 часа да поспијат близначињата за и мама да одмори. Дали да ги оставам вечер после оброкот во 12 да спијат колку што сакаат, па откако ќе се разбудат пак да им давам млеко на секои 3 часа? Како да си фатиме редот? Ако може совет од вас. Благодарам
Колкави се малите мила? Ако сте ептен тазе новородени буди ги уште малку додека не пркнат а после тоа ако спијат остави ги додека сами не се разбудат, но тоа е само мое мислење
Баш ова ме мачеше. Дека не напредува константно, некоја недела ептен малце, некоја недела максимумот го вади, значи не сме само ние така. Фала ви девојки.
Мојот цревата си ги поврати на последно, го однесов кај матичната ни смени анти рефлукс млеко, трет ден го пиеме еве и денес пак бљуцкаше Добро ама не како порано Значи п о л у д у в а м! А за напредување.. да се чудиш 6600гр а сега на 25ти правиме 3 месеци, како успеа стварно не знам Не го будам од кога е роден, првата дремка му е цели 6 часа после продолжува на секои 3 часа сам да се буди. Еве погоре пишав 6600гр е и сега ќе полниме 3 месеци.